УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА МОЈОТ А1 (важат од 29.09.2023 година)
1. Основни информации за мобилната апликација Мојот А1
1.1 Мобилната апликација Мојот A1 (понатаму - Апликацијата) претставува софтверска алатка која овозможува вршење на проверка на сопствените претплатнички податоци, реализиран сообраќај, преглед на фактури и нефактурирани надоместоци за користени услуги обезбедени од А1 Македонија ДООЕЛ Скопје (понатаму – А1 Македонија), како и активирање и деактивирање на одреден тип на услуги за одредена претплатничка линија, преку мобилен терминален уред (телефон или таблет). Податоците достапни преку Апликацијата се од информативен карактер и не претставуваат замена за редовната месечна сметка која му се испраќа на корисникот (понатаму – Корисникот).
1.2 Секоја извршена активација/деактивација на услуги преку Апликацијата влијае на висината на месечната сметка на корисникот на чие име е регистрирана соодветната претплатничка линија. Секоја активација/деактивација на услуги ќе се смета за успешна откако ќе биде регистрирана во системите на А1 Македонија. За повеќе детали Ве молиме прочитајте го Член 4 подолу.
1.3 Апликацијата е достапна за употреба на сите физички и правни лица кои се корисници на услуги на мобилна телефонија преку јавната мобилна комуникациска мрежа на А1 Македонија, кои:
- извршиле соодветна инсталација на Апликацијата и регистрација на своите кориснички податоци преку официјалната веб-страница на А1 Македонија - www.A1.mk, или преку самата апликација и
- имаат активна интернет услуга (преку мобилна или Wi-Fi мрежа).
1.4 При користење на Апликацијата во странство, интернет сообраќајот остварен во роаминг преку мобилната мрежа на странски оператор се наплаќа согласно избраниот тарифен модел.
1.5 Злоупотреба на туѓи лични податоци или туѓо корисничко име и лозинка е забрането и се казнува согласно законските прописи.
1.6 Апликацијата им нуди можност на корисниците да ја платат месечната сметка или да направат надополнување на кредит со кредитна или дебитна картичка (Visa и MasterCard) која има троцифрен сигурносен код. Во тој случај, корисникот се пренасочува кон т.н. Payment gateway на процесинг центар КАСИС АД Скопје. При електронската наплата на сметки, А1 Македонија нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до КАСИС АД Скопје и банката преку сигурносна врска. Единствената информација која е видлива за А1 Македонија е името и презимето од платежната картичка на Корисникот, бројот на фактурата и сумата на која е извршена трансакцијата.
1.7 А1 Македонија може да прикажува рекламни пораки за своите услуги и производи во самата Апликација кои вклучуваат, но не се ограничени на промотивни пораки, текст, слики или видео или комбинација, директно во Апликацијата или како екстерен линк (на пример: веб страната на А1 Македонија).
1.8 Заради подобрување на функционалностите на Апликацијата, А1 Македонија ќе прави периодични ажурирања на Апликацијата, со нови фукционалности или промена во одредени функционалности на Апликацијата. За вака извршените ажурирања на Апликацијата А1 Македонија може да достави известување, во форма на push нотификации, чие добивање ќе зависи од Вашите кориснички поставувања во апликацијата и/или терминалниот уред.
2. Преземање и инсталирање на Апликацијата
2.1 Апликацијата може бесплатно да се преземе преку Google Play, Apple Store или AppGallery маркетот за апликации.
2.2 Апликацијата работи единствено со оригиналните верзии на оперативните системи наведени погоре и А1 Македонија не презема никаква одговорност за нејзина евентуална делумна или целосна нефункционалност поради инсталација на дополнително адаптирани верзии на оперативните системи.
2.3 При користење на Апликацијата, А1 Македонија може да чува одредени податоци, по пат на колачиња ("cookies") кои се чуваат на терминалниот уред на корисникот. Колачето е информација снимена на терминалниот уред на корисникот, која содржи податоци за корисничките подесувања и подесувањата на самата Апликација или интернет страница. Ова овозможува интернет страниците и апликациите да прикажуваат информации прилагодени на потребите на корисникот и рекламирање на своите производи и услуги, за кои корисникот би можел да биде заинтересиран. Корисникот секогаш може самостојно да го регулира примањето на колачиња по пат на поставувањата во својот веб-пребарувач.
2.4 Дополнително, во Апликацијата се прикажуваат лични податоци за корисникот (вклучувајќи име, презиме, телефонски број, адреса на електронска пошта, број на месечна сметка, активирани пакети итн.), на кои податоци корисникот може да пристапи по извршена верификација и логирање во Апликацијата.
2.5 Корисниците кои се физички лица, имаат опција да дадат или да повлечат согласност за директен маркетинг и/или профилирање преку Апликацијата во било кое време. Со давање на согласност за директен маркетинг, Корисникот се согласува А1 Македонија да го информира за своите најнови промоции, понуди, услуги и пакети на комуникациски услуги со испраќање на SMS, MMS пораки, е-мејл, преку Апликацијата или воспоставување на говорни телефонски повици кон претплатничкиот број. Со давање на согласност за профилирање, Корисникот се согласува А1 Македонија да ги обработува неговите лични податоци преку профилирање за цели на директен маркетинг со цел да добие преглед на производи и услуги кои Корисникот ги користи најчесто, и соодветно на тоа да може да му понуди производи и услуги кои одговараат на неговите потреби и однесување, а кои може да му донесат дополнителни придобивки.
2.6 Корисникот при првичната инсталација на Апликацијата има право да одбере дали ќе дозволи или нема да дозволи Апликацијата да пристапува до податоците за локацијата на терминалниот уред. Доколку Корисникот дозволи пристап на апликацијата до локацијата на терминалниот уред што го користи, Апликацијата ќе ги обезбеди следните дополнителни информации за Корисникот, доколку истиот е во рамките на територијата на Република Северна Македонија:
3. Најавување и пристап до Апликацијата
3.1 По стартување на Апликацијата, Корисникот треба да се најави на еден од следните начини:
- директно најавување преку мобилниот претплатнички број, доколку корисникот има вклучено мобилна мрежа на А1 Македонија и нема поставено proxy;
- преку внесување на мобилен претплатнички број кој е најавен на мрежата на А1 Македонија, по што добива СМС порака со шифра за влез во менито на Апликацијата;
- преку најавување со претходно регистрирано корисничко име и лозинка (регистрацијата може да се изврши преку самата Апликација или на официјалната веб-страница на www.A1.mk).
3.2 По успешната најава, Корисникот пристапува до менито на Апликацијата и може да ги користи функционалностите на Апликацијата кои му се достапни.
3.3 А1 Македонија не презема одговорност за било какви грешки во пријавата, можни одложувања при преносот на податоци или штети при користење на незаштитена безжична Wi-Fi конекција.
3.4 Апликацијата овозможува помнење на пристапните податоци (регистрирано корисничко име и лозинка) преку опцијата "Запомни ме". Во случај на отуѓување или губење на уредот или трајно некористење, корисникот треба сам да ја промени пристапната лозинка и да го исклучи помнењето на пристапните податоци или да ја ресетира Апликацијата за да ги заштити своите податоци до кои може да се пристапи преку Апликацијата. Одјавата од апликацијата преку опцијата "Одјава" ја исклучува и опцијата "Запомни ме".
3.5 Заради заштита од неовластено користење на Апликацијата корисникот има опција да вклучи заштита со отпечаток од прст (fingerprint), доколку таа опција е поддржана од неговиот терминален уред. Доколку во Апликацијата е вклучена опцијата "Запомни ме" и корисникот вклучи заштита со отпечаток од прст, тогаш корисникот пристапува во апликацијата со отпечаток од прст, без потреба да внесува лозинка.
4. Услуги
4.1 Функционалностите на Апликацијата во менито "Пакети” и "Листа на достапни услуги" се разликуваат во зависност од групата и видот на корисници, од постојниот тарифен модел на Корисникот, како и од привилегиите овозможени за конкретниот кориснички профил (основен, напреден и мастер профил).
4.2 Корисникот преку Апликацијата ќе може да активира или деактивира одредени пакети и/или дополнителни услуги. Пред активација/купување на пакетите и/или дополнителните услуги, Корисникот ќе има можност да ја види цената на таквите пакети или дополнителни услуги и да го потврди активирањето на истите. По извршената успешна активација, цената на избраниот пакет или дополнителна услуга ќе му биде фактурирана на Корисникот во наредната месечна сметка (доколку е Постпејд корисник) или ќе му биде наплатена веднаш од постоечкиот кредит (доколку е Припејд корисник).
4.3. Со активирање пакети или дополнителни услуги Корисникот ги прифаќа општите услови за пристап и користење на јавни електронски комуникациски услуги кои се јавно достапни на официјалната веб-страница на А1 Македонија - www.A1.mk.
4.4 Корисникот ќе има можност преку Апликацијата да ја види целокупната листа на активни услуги поврзани со неговиот Кориснички профил, во секцијата "Активни услуги". Секоја активација/деактивација на услуга ќе се смета за успешна кога услугата која е активирана ќе се појави на листата на Активни услуги во рамки на Апликацијата (т.е. кога услугата која е деактивирана ќе биде избришана од листата на Активни услуги). Сè до тој момент, активацијата/деактивацијата на услугата не може да се смета за успешна.
4.5 Корисникот е должен да ги чува своето корисничко име и лозинка, својата СИМ картичка и својот мобилен терминален уред од секаков вид на евентуална злоупотреба. Сите трошоци кои можат да произлезат доколку Корисникот ги даде на друг своето корисничко име или лозинка од Апликацијата или на друг начин ги направи достапни за користење на трети лица се исклучива одговорност на Корисникот и ќе му бидат фактурирани во неговата месечна сметка.
4.6 Во случај на внатрешен трансфер на претплатничка линија од еден на друг корисник во рамките на една компанија – претплатник на услугите на А1 Македонија, компанијата има должност веднаш да јa извести А1 Македонија да го избрише тековното корисничко име и лозинка, со цел да се спречи неовластено користење на податоци, или неовластена активација/декативација на услуги преку на оваа Апликација. Во случај компанијата да не ја исполни оваа обврска, А1 Македонија нема да биде одговорна за било каква неавторизирана злоупотреба на податоците.
5. Интелектуална сопственост
5.1 Оваа Апликација е во ексклузивна сопственост на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје. Било какво копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабинско поврзување или менување, на друг начин, на оваа Апликација најстрого е забрането.
5.2 Корисникот не смее да ја менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, преработува или адаптира Апликацијата ниту да врши нејзино комерцијално искористување, или на кој било начин да ја користи оваа Апликација, во целост или делумно, освен за целите за кои е наменета.
5.3 Крајниот корисник е одговорен за штетата која може да настане со повредата на авторските права, злоупотребата на трговската марка и на други права на интелектуална сопственост или какви било проблеми настанати во врска неовластеното користење на оваа апликација.
5.4 Секое прекршување на овие услови, кое може да има како последица повреда на авторските права, правото на трговска марка или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до поведување на граѓански или трговски постапки и/или до кривичен прогон против сторителот.
6. Завршни одредби
6.1 Корисникот потврдува дека е сопственик на телефонскиот број со кој се регистрирал на Апликацијата и кој го користи за да пристапи до податоците достапни преку неа, односно дека е овластен корисник на корисничкото име и лозинката со кои е регистриран за користење на Апликацијата.
6.2 Со прифаќањето на овие Услови за користење, Корисникот потврдува дека активирањето или деактивирањето на одредени пакети и/или дополнителни услуги преку Апликацијата имаат целосна правна важност и може да доведат до промени во износот на неговата месечна сметка за користени услуги.
6.3 За сите случаи кои не се регулирани со овие Услови за употреба, ќе се применуваат Општите услови за пристап и користење на јавни електронски комуникациски услуги кои се јавно достапни на официјалната веб-страница на А1 Македонија - www.A1.mk, Политика за приватност која е јавно достапна на официјалната веб-страница на А1 Македонија - www.A1.mk, Изјавата за заштита на личните податоци која е јавно достапна на официјалната веб-страница на А1 Македонија - www.A1.m,k како и посебните услови на А1 Македонија кои се однесуваат на Корисникот, врз основа на претходно склучени договори за користење на услуги.
6.4 А1 Македонија го задржува правото целосно или делумно да ги измени овие Услови на користење вклучувајќи и, но неограничувајќи се на содржината, времето на достапност, како и опремата потребна за пристап и користење на Апликацијата. За секоја промена, корисниците ќе бидат известени преку официјалната веб страна на А1 Македонија - www.A1.mk или на друг соодветен начин.
7. A1 Digi Tree
Digi-Tree
Со проектот А1 Digi-Tree секој физичко лице постпејд корисник на апликацијата Мојот А1 има можност преку користење дигитални активности да порасне свое дигитално дрво.
Дигиталното дрво расте со одреден процент со извршување на следните активности:
- Онлајн склучување или обнова на договор 20%
- Активирање на eSIM картичка 20%
- Враќање на стар телефон за рециклирање во А1 салон 10%
- Онлајн плаќање на месечна сметка 5%
- Онлајн надополнување припејд кредит од постпејд број 5%
За да се вклучи корисник во А1 Digi-Tree потребно е да ја ажурира, односно да ја користи последната верзија на апликацијата Мојот А1. Доколку не сте корисник на Мојот А1, потребно е да ја инсталирате апликацијата и да направите регистрација на нов корисник.
Растењето на дигиталното дрво може да се следи во апликацијата Мојот А1. Колку повеќе вакви активности се користат, толку побрзо дигиталното дрво ќе порасне. За секое пораснато дигитално дрво, А1 ќе засади вистинско дрво на локации низ Македонија. Прочитајте повеќе: www.A1.mk/digi-tree
Користени OpenSource лиценци:
- Copyright 2011, 2012 Chris Banes
- Copyright 2012 Simon Vig Therkildsen
Licensed under the Apache License, Version 2.0 (the "License"); you may not use this file except in compliance with the License. You may obtain a copy of the License at http://www.apache.org/licenses/LICENSE-2.0
Unless required by applicable law or agreed to in writing, software distributed under the License is distributed on an "AS IS" BASIS, WITHOUT WARRANTIES OR CONDITIONS OF ANY KIND, either express or implied. See the License for the specific language governing permissions and limitations under the License002E
Временската прогноза е превземена од AccuWeather Intl. LLC
- на почетната страна од Апликација се прикажува порака за корисникот, поврзана со временската прогноза превземена од AccuWeather Intl. LLC за локацијата на која се наоѓа Корисникот
- можност за преглед на најблиските локации на продажните места на А1 Македонија во однос на неговата локација, прикажани на дигитална карта од Google Maps.
- директно најавување преку мобилниот претплатнички број, доколку корисникот има вклучено мобилна мрежа на А1 Македонија и нема поставено proxy;
- преку внесување на мобилен претплатнички број кој е најавен на мрежата на А1 Македонија, по што добива СМС порака со шифра за влез во менито на Апликацијата;
- преку најавување со претходно регистрирано корисничко име и лозинка (регистрацијата може да се изврши преку самата Апликација или на официјалната веб-страница на www.A1.mk).