Корисничка поддршка

Како може да направам онлајн нарачка на уред?

Онлајн нарачка на уред, можете да направите на два начина:

  • Преку копчето „Нарачај” поставено кај секој уред:
    1. Во делот „Уреди“ од главното мени, се прикажани сите уреди што можете да ги купите преку А1 Македонија.
    2. Одбирате некоја од опциите понудени под Тип на уред (на пр. Телефони), при што се отвора каталог со сите достапни уреди.
    3. Го одбирате уредот што сакате да го купите и проверувате дали е достапен онлајн.
    4. Од десната страна преку копчето „Промени“ ја одбирате саканата тарифа или доколку сакате, можете да ја одберете опцијата „Само уред“.
    5. Во случај кога уредот е достапен онлајн, во десниот дел се појавува копчето „Нарачај“.
    6. По клик на „Нарачај“, доколку имате избрано тарифа, влегувате во чекорите за онлајн нарачка, каде што можете да одберете дали сакате да направите нов договор, да обновите постоечки договор, да направите промена од А1 Припејд на А1 Постпејд или, пак, да направите префрлување на број од друг оператор во А1.
    7. Доколку имате одбрано само уред, ќе бидете однесени на чекор каде што треба да пополните форма со Вашите лични податоци.
    8. Доколку имате сума за плаќање, по успешно внесување на податоците, ќе бидете пренасочени кон сервисот за наплата.

Во рок од 24 часа ќе Ве контактира наш продажен агент за утврдување детали околу нарачката.

  • Преку A1 Live Shop Виртуелната продавница – со клик на „Започнете разговор“ го внесувате Вашиот контакт број, на кој продажниот агент за кратко ќе Ве контактира. Продажниот агент ќе може да го видите на екранот, ќе Ви објасни во живо сè што Ве интересира за нашите производи и услуги и ќе може да Ви ги покаже уредите во живо.

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања