Корисничка поддршка

Што е тоа профил на гледач?

Овие и други упатства од типот „Сакам да знам повеќе“ побарајте ги на самиот ТВ-интерфејс под кратенката „Помош“.

Услугата А1 ТВ содржи два профила на гледачи, Фамилијарен и Родител:

  • Фамилијарен – ова е стандардниот профил на гледач што ја вклучува услугата Родителска заштита, која ги заштитува децата и малолетниците од несоодветна ТВ и видеосодржина, така што за преглед и за гледање на таквата содржина потребно е внесување PIN. Во овој профил, за преглед/гледање на целосната ТВ и видео содржина без PIN, освен еротска, потребно е нивото на Родителска заштита да се постави на 18.

  • Родител – овој профил е достапен за избор и овозможува пристап до вашата ТВ и видеосодржина, вклучувајќи и еротска, без да биде потребно внесување PIN. Овој профил се применува до повторното избирање на профилот Фамилијарен или до исклучувањето на дигиталниот приемник.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања