Корисничка поддршка

Во сметката имам наплатено повици во странство иако телефонот ми беше исклучен.

Наплата на Вашиот број може да имате доколку е активна услугата А1 Секретарка.

Користењето на A1 секретарката во роаминг (и преслушувањето и примањето пораки) не е бесплатно се наплатува според важечкиот ценовник за роаминг услуги.

Кај пренасочувањето во случај кога не се јавувате, кога не сте достапни или сте зафатени а повиците се пренасочени на A1 секретарката повикот двојно се наплаќа:

Доколку се користи А1 секретарка во роаминг за секоја оставена порака се наплаќа за дојдовен повик во странство и излезен повик од странство. А доколку сакате да ја преслушате пораката од А1 секретарката се наплаќа излезен повик од странство кон Македонија.

А за појдовен повик по цена за испратени повици во Македонија.

Ако сакате да ги избегнете трошоците за користење на A1 секретарката во роаминг тоа можете да го направете со исклучување на A1 секретарката преку менито на телефонот во полето “пренасочување на повиците” (Call divert), “откажување на сите пренасочувања” (Cancel all diverts) или со внесување на краток код ##002# и копче за повик.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања