Корисничка поддршка
Како да користам интернет во странство?
За да можете да користете мобилен интернет во странство пред се потребно е да се прилагоди Вашиот уред.
Доколку имате телефон со Андроид оперативен систем потребно е да ги направите следните прилагодувања:
Пристапете во Settings – More – Mobile Networks – Access Point Names.
Притиснете на симболот “+“ во горниот десен агол.
Притиснете на “Name” и впишете “A1 Makedonija”
Во полето APN внесете internet
Другите полиња не е потребно да ги подесувате т.е потребно е да останат празни.
Во горниот десен агол притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата “Save” со што системот ќе ги сними подесувањата и ќе Ве врати во полето “APNs”
Доколку Вашиот уред е iPhone (iOS оперативен систем) тогаш прилагодувањата се следни:
Притиснете “Settings”, “Cellular”
Потоа, притиснете “Cellular Data Network” и ќе излезе листа која треба да ја пополните.
Во горниот дел на менито, во субменито “Cellular Data” во полето "APN" внесете internet
Проверете во телефонот дали опцијата „Data Roaming“ е вклучена (enabled).
Направете дополнителна проверка преку Мојот А1 апликацијата дали на Вашиот број имате поставено забрана за роаминг или забрана за интернет во роаминг.
Слични прашања
- На сметката имам наплатено SMS-пораки пратени од бројот +38977000301. Кој е тој број?
- Во сметката имам наплатено повици во странство иако телефонот ми беше исклучен.
- Пратена ми е една порака која ја добивам неколкупати.
- Дали ќе ми се наплати мобилниот интернетот ако го косритам во странство?
- Како најевтино да разговарам од странство?