Корисничка поддршка

Како да ја променам лозинката на Мојот А1?

Откако ќе се логирате преку мобилната апликација “Мојот А1“, можете да ја промените Вашата лозинка на следниов начин - одберете го делот “Мој профил“ од менито од левата страна, а потоа изберете Промена на лозинка, а по внесување на новата лозинка одберете ја опцијата Зачувај.

 

Откако ќе се логирате преку мобилната апликација Мојот A1, може да ја промените лозинката од Вашиот кориснички профил преку следните чекори:

Повеќе -> Мојот профил -> Лозинка и безбедност -> Промена на лозинка -> Внесете тековна лозинка -> Внесете нова лозинка и потврдете ја.

Со кликање на копчето “Зачувај” ќе се реализира промената на лозинката на корисничкиот профил преку кој сте најавени.

 

Или преку веб платформата Мојот А1 во полето „Мојот профил“ -> „Промена на лозинка“.

 

Доколку не може да се логирате на мобилната апликација, бидејќи сте ја заборавиле лозинката, одете на полето “Заборавена лозинка” на почетната страна од апликацијата, внесете го вашиот мобилен или фиксен телефонски број и СМС код ќе биде пратен на мобилниот број или на контакт мобилен број (доколку се најавувате преку фиксен телефонски број). По внесување на точен код, Ви се појавува листа на Кориснички имиња кои ги имате креирано на тој претплатнички број, одбирате преку кое корисничко име сакате да се најавите и нова лозинка ќе биде пратена преки СМС. Откако ќе ја добиете новата лозинка може да се најавите со Корисничкото име и новата лозинка. Откако ќе се најавите на апликацијата, преку менито во самата апликацијата имате можност да ја промените лозинката.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања