Корисничка поддршка
Го заборавив корисничкото име или лозинката за „Мојот А1“ што е потребно да направам?
Во случај да ја имате заборавено лозинката за пристап на Мојот А1 Ве молиме изберете ја опцијата “Заборавена лозинка” – од почетната страна на Мојот А1.
Потоа внесете го вашиот телефонски број во означеното поле и кликнете “Испрати SMS код”.
Со SMS порака ќе добиете безбедносен код кој што е потребно да го внесете во означеното поле а потоа одберете “Најави се”.
По овие чекори изберете го Вашето корисничко име при што има опција да го најдете Вашето заборавено корисничко име, а потоа кликнете на “Избери”.
Со нова СМС порака ќе ја добиете новата лозинка за пристап која е потребно да ја внесете во означеното поле, а веднаш потоа ќе бидете вратени на почетната страна.