Корисничка поддршка

Кои документи за деловно лице се потребни за склучување на претплатнички договор?

Доколку сте деловен субјект и сакате да склучите претплатнички договор за користење на телекомуникациски услуги од А1 потребно е да го посетите најблискиото А1 продажно мести и ги приложите следните документи:

  1. Валиден печат од правниот субјект;
  2. Согласност за проверка на платежната способност, (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје).
  3. Извод од банка не постар од 1 (еден) месец
  4. Валиден документ за лична идентификација (Лична карта или пасош од лицето кое го потпишува договорот (а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице кои се овластени со нотарски заверено полномошно
  5. Доколку од апликантот се бара услуга за која има инсталација на опрема, со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација.

За потврда на адресата за инсталација треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот - договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања