Корисничка поддршка
Како можам да ја проверам моменталната состојба на мојата сметка?
Моменталната состојба на Вашата сметка може да ја проверите:
- Доколку се најавите на мобилната апликација “Мојот А1” во делот “Состојба”,
- Доколку се најавите на веб порталот “Мојот А1” и ja изберете опцијата “Мои сметки- Преглед”, или пак
- Доколку испратите бесплатна СМС порака со текст SMETKA на бројот 1278. Или пак со повик кон бројот 1278 со следење на инструкциите од постпејд менито. Цената на повикот е бесплатна.
Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни претплати, еднократни надоместоци, попусти или трошоци направени во роаминг.