Корисничка поддршка

Како може да ја платам мојата сметка онлајн?

Вашата А1 сметка можете да ја платите онлајн во секое време преку:


• мобилната апликација "Мојот A1", во делот „Сметки”,
• најава на веб порталот “Мојот А1”, во делот „Сметки”,
• нашата Веб-страница на следниот линк: www.a1.mk/plati-smetka (на којшто можете да пристапите и преку e-mail со Вашата електронска сметка со притискање на црвеното копче “Платете ја сметката онлајн”)


За да можете да ја платите вашата сметка Онлајн преку Веб-услугата „Плати-сметка“ од нашата Веб-страница потребно е:


• да го знаете и внесете 12 цифрениот број на фактура,
• да поседувате дебитна или кредитна платежна картичка Visa/Master издадени од домашна банка,
• да внесете Ваша валидна e-mail адреса на којашто ќе добиете потврда за реализираното плаќање.


Наједноставен начин да извршите онлајн плаќање е преку линкот за плаќање којшто го добивате со Вашата електронска сметка. Линкот ќе ве одведе на веб страницата на А1 во делот “Плати сметка” на чекор 1 при што полињата за бројот на сметка и e-mail адресата на којашто ќе добиете потврда дека сметката е платена ќе бидат автоматски пополнети со податоци.


12 цифрениот број на Вашата А1 сметка можете да го најдете:


• на мобилната апликација “Mојот А1” во делот „Сметки“ (при избор на сметката за соодветен месец во делот „Информации за сметка“)
• на веб апликацијата “Мојот А1” во делот “Сметки” (во колоната со име „Број на сметка“)
• во e-mail пораката испратена од А1 (доколку сте регистирани за добивање на електронски сметки)
• на Вашата А1 сметка (електронска и печатена)
• со испраќање на СМС со каква било содржина од Вашиот телефонски број на бесплатниот број 14 500 при што ќе добиете повратна порака со информации за бројот на сметка (оваа услуга важи само за физички лица корисници на мобилни линии)
• доколку се јавите во контакт центарот на А1 на телефонскиот број 077 1234.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања