Јавете се дома од роаминг

Кога патувате во роаминг, јавете им се на најблиските и на пријателите за да им ги раскажете доживувањата, со едноставно користење на USSD-опцијата за повици со код.

Сè што треба да направите е да впишете*123* пред секој повик во следниот формат *123*389ХХХХХХХХ#, каде што ХХ е бројот што сакате да го повикате. Веднаш ќе добиете повратен повик и ќе може да зборувате колку сакате.

Оваа понуда е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на тарифните модели на A1, без дополнителни трошоци за активација за повици со USSD-код од оператори што ја овозможуваат таа услуга.

  Повици од роаминг кон
сите мрежи во Македонија
Повици од роаминг кон
меѓународни зони
Повици со USSD код за Европа (без Русија) 55 ден./мин. 90 ден./мин.
Повици со USSD код за цел свет (со Русија) 155 ден./мин. 170 ден./мин.

За роаминг USSD-повици остварени од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово кон претплатници на оператори од овие земји, се применува регулирана цена од 5,04 денари/минута.

Цените се со вклучен ДДВ. Интервалот на тарифирање изнесува 60/60 секунди.

Цените важат само за операторите што овозможуваат повици со USSD-код.

За целосна листа на оператори и повеќе информации, јавете се на 077 1234.