Корисничка поддршка

Како да користам интернет во странство?

За да можете да користете мобилен интернет во странство пред се потребно е да се прилагоди Вашиот уред.

Доколку имате телефон со Андроид оперативен систем потребно е да ги направите следните прилагодувања:

Пристапете во Settings – More – Mobile Networks – Access Point Names.

Притиснете на симболот “+“ во горниот десен агол.

Притиснете на “Name” и впишете “A1 Makedonija”

Во полето APN внесете internet

Другите полиња не е потребно да ги подесувате т.е потребно е да останат празни.

Во горниот десен агол притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата “Save” со што системот ќе ги сними подесувањата и ќе Ве врати во полето “APNs”

 

Доколку Вашиот уред е iPhone (iOS оперативен систем) тогаш прилагодувањата се следни:

Притиснете “Settings”, “Cellular”

Потоа, притиснете “Cellular Data Network” и ќе излезе листа која треба да ја пополните.

Во горниот дел на менито, во субменито “Cellular Data” во полето "APN" внесете internet

 

Проверете во телефонот дали опцијата „Data Roaming“ е вклучена (enabled).

Направете дополнителна проверка преку Мојот А1 апликацијата дали на Вашиот број имате поставено забрана за роаминг или забрана за интернет во роаминг.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања