Корисничка поддршка

Како да се најавам на мобилната апликација Мојот А1?

По стартување на мобилната апликација Мојот A1 треба да се најавите на еден од следните начини:

Доколку немате постоечки профил треба да се регистрирате со мобилниот претплатнички број од A1 при што ќе добиете корисничко име и лозинка. Регистрацијата може да се направи преку мобилната апликација или на порталот Мојот A1 на нашата веб-страница www.A1.mk.

Ако веќе имате креирано корисничко име и лозинка преку мобилната апликација или порталот Мојот A1 за секое најавување на апликацијата користете го веќе креираното корисничко име.

Исто така можете да се најавите со Вашиот мобилен број по одбирање на опцијата “Најава со број” ќе добиете СМС порака со код за влез во менито на апликацијата. При најава само со претплатнички број ќе Ви биде достапен лимитиран сет на функционалности од менито на Мојот A1.

Третата опција за најава во Мојот A1 е автоматска „брза најава“, без користење на кодови и корисничко име. Сè што треба да направите е да ја изберете опцијата за „Брза најава” од почетниот логин екран на апликацијата. Со автоматската најава, односно брза најава се логирате привремено, со исти привилегии како при „Најава со број”. За да работи „брза најава“ потребно е да ја уклучите апликацијата на Вашиот телефон преку мобилен интернет како и во подесувањата на интернетот да избришете proxy. Тоа значи дека доколку се работи за постпејд резидентен корисник ќе има напредни привилегии (Advanced) доколку се работи за постпејд бизнис корисник ќе има пристап до основни привилегии (Basic) додека припејд корисник ќе има привилегии како на стандарден припејд тип на најава (Prepaid).

Погледнете го Видео туториалот кој ќе Ви помогне како да ја користите мобилната апликација Мојот А1:

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања