Корисничка поддршка

Имам само радио канали, не гледам телевизиски канали

SAGEM STB ресивер (бел)

Во овој случај потребно е да притиснете два пати на копчето „Teletext“  на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, при што на телевизискиот екран ќе се појави прозорец од левата страна кој покажува која листа на канали е одбрана во моментот. Потребно е да притиснете на копчето за напред (десно од копчето ОК) на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер и да одберете „Сите канали“ или „Сите ТВ канали“. Застанете на опцијата „Сите Тв Канали“ или „Сите канали“ и притиснете на копчето „ОК“. Потоа притиснете на копчето со број 1 за да го одбереме каналот број 1 (МРТВ).

 

STRONG STB ресивер (црн)

Ако се вклучени само радио каналите потребно е да притиснете два пати на копчето „TV/R“ на далечинскиот упаравувач на ресиверот. На овој начин ќе имате пристап до сите ТВ канали.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања