Корисничка поддршка

Како да ги активирам промотивните 10GB интернет преку апликацијата Мојот А1?

Промотивните 10GB интернет се достапни за активација за сите нови и постоечки постпејд резидентни, бизнис и припејд корисници на сите тарифни модели кои ќе го активираат овој пакет исклучиво преку апликацијата Мојот А1.

Откако ќе ја спуштите новата верзија на Мојот А1 (достапна преку App Store и Google Play маркетот за апликации), при првото логирање внатре во апликацијата, ќе се појави pop - up (“А1 Ви доделува 10 GB”) во кој ќе имате можност за активација на подарокот. За активација, потребно е да притиснете - Активирај.

Доколку не се потврди активацијата на пакетот, повторно ќе имате можност за негова активација преку менито за дополнителни пакети за мобилни услуги (Пакети -> Достапни Национални услуги -> Промотивни 10GB интернет од A1), но нов pop- up со понуда нема да се појави при било кое наредно логирање од истиот терминален уред.

 

Корисниците кои сеуште користат стара верзија на апликација - Мојот Vip ќе можат да го активираат подарокот преку менито за дополнителни пакети за мобилни услуги (Пакети -> Достапни Национални услуги -> Промотивни 10GB интернет од A1). Исто така за корисници на старите верзии на апликацијата, нема да се појави pop - up.

Доколку користите стара верзија на апликација - Мојот Vip ќе можете да го активирате подарокот преку менито за дополнителни пакети за мобилни услуги (Пакети -> Достапни Национални услуги -> Промотивни 10GB интернет од A1). Исто така за корисници на старите верзии на апликацијата, нема да се појави pop- up.

Секој мобилен телефонски број може да го активира пакетот еднаш. Односно доколку корисникот го потроши пакетот во промотивниот период, нема да има опција за повторна активација на истиот.

ВАЖНО: Корисниците кои се суспендирани или имаат доспеан долг, нема да имаат можност да го активираат подарокот се додека не го подмират отворениот долг.

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања