Корисничка поддршка

Немам кредит на припејд бројот, како да направам повик?

Доколку немаш кредит на твојот припејд број тогаш може да го направиш следново:

Испрати бесплатен СМС со кој ќе прашаш некого од своите пријатели да ти ја надополни сметката.

Напиши го бројот на пријателот во формат 3897ххххххх или 07xxxxxxx и испрати бесплатна СМС-порака на бројот 144 222. Тоа лице автоматски добива СМС што кажува дека ти сакаш тој или таа да ти ја надополни твојата сметка со упатства како да го направи тоа. Пораката можеш да им ја испратиш на сите А1 корисници, припејд и постпејд.

Искористи ја услугата “SOS Кредит”. Испрати СМС со содржина “SOS” на бројот 144 333. Доколку твоето барање е потврдено 30 денари SOS Кредит ќе бидат префрлени веднаш на твојата сметка по што ќе добиеш СМС известување. При следното надополнување од твојата сметка ќе бидат повлечени добиените 30 денари како и 5 денари за пратената порака.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања