Корисничка поддршка

На што треба да внимавам кога патувам во странство?

Пред заминување на пат информирајте се за цените и за услугите во земјата каде што патувате.


1. Кога се подготвувате да заминете во странство подгответе ги и Вашите телекомуникациски услуги. За целосно искуство на вашите патувања во странство активирајте некој од нашите пакети за мобилен интернет во роаминг со коишто имате целосна заштита од несакани трошоци, а притоа да имате пристап до сите потребни информации преку вашиот смартфон. Ако сакате долги разговори во роаминг можете да активирате пакети за разговори во роаминг.


2. Доколку во земјата во којашто патувате има Златни и Сребрени партнери најдобро е секогаш да бидете приклучени на Златниот партнер затоа што цените во тој случај се пониски. Имајте предвид дека цените се разликуваат за припејд и за постпејд корисници.


3. Пред заминување на пат деактивирајте ја услугата “А1 секретарка” доколку немате потреба од неа. Приемот и преслушувањето на говорните пораките во роаминг се наплаќаат како дојдовен и појдовен повик во роаминг.
 

4. СМС-пораката за проверка на состојба на сметка исто така се тарифира според важечкиот ценовник за СМС-пораки во роаминг. Најдобро за проверка на состојбата на сметката е да направите на онлајн сметката Мојот А1 доколку сте постпејд корисник. Имајте предвид дека информациите за остварениот сообраќај во роаминг најчесто пристигнуваат од роаминг партнерите подоцна така што можете да очекувате одредени услуги да Ви бидат наплатени во следната сметка. (специјална роаминг опција со балкан роаминг)


5. Внимавајте на користењето интернет во роаминг - Додека сте во странство можете да користите интернет на Вашиот мобилен телефон во земјите што се објавени на нашата веб-страница и доколку има цена за MB во колоната за интернет во тој случај во таа земја на тој оператор можете да користите интернет на Вашиот мобилен телефон. Едноставно уживајте во омилените веб-страници примајте и праќајте e-mail пораки четувајте и останете во контакт со Вашите пријатели преку Фејсбук. Проверете кои пакети би можеле да ги активирате со цел да имате контрола на трошоците.


6. За целосна заштита од трошоци доколку не сакате да користите мобилен интернет во роаминг можете да активирате “Забрана за користење на интернет во роаминг”, преку апликацијата Мојот А1 (мобилна апликација/ веб сервис) или со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања