Корисничка поддршка

Дали ќе ми се наплати интернет ако користам Wi-Fi во странство?

Интернет-сообраќајот што ќе биде остварен преку WiFi нема да се наплати, но внимавајте во случај да биде слаба Wi-Fi конекцијата Вашиот смартфон може автоматски да Ве префрли на мобилен интернет. Доколку сакате да користите Wi-Fi препорачливо е да го исклучите мобилниот интернет.


За целосна заштита од трошоци можете да активирате пакет за мобилен интернет во роаминг со којшто ќе имате целосна заштита од несакани трошоци, а притоа и да имате едно поинакво искуство каде што сите информации ги имате на вашиот смартфон исто како да сте дома. Дополнително доколку не сакате да користите мобилен интернет во роаминг можете да активирате “Забрана за користење на интернет во роаминг” преку апликацијата Мојот А1 (мобилна апликација) или со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања