Корисничка поддршка

Кои документи ми се потребни за да го префрлам бројот на друго име за деловни корисници?

Присуство на двајцата корисници (стариот и новиот) на продажното место.
Новиот корисник потребно е да донесе документација како за нов постпејд корисник:

• валиден печат од правниот субјект;
• документ за депонирани потписи од Централен Регистар на РСМ или Потписен картон од банка
• извод од банка не постар од еден месец (нема потреба бројката да ја пишуваме и со букви и со бројки барем не во овој случај)
• валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош од лицето коешто го потпишува договорот, а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице, овластен со нотарски заверено полномошно)
• доколку од апликантот се бара услуга за којашто има инсталација на опрема со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација.
• за потврда на адресата за инсталација треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот - договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.


Стариот корисник потребно е да донесе:
• лична карта или пасош од лицето што го потпишал стариот договорот;
• Валиден печат од правниот субјект.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања