Корисничка поддршка

Како можам да ја променам лозинката на Мојот А1?

Откако ќе се логирате преку мобилната апликација „Мојот А1“ можете да ја промените Вашата лозинка на следниов начин - одберете го делот „Мој профил“ од менито од левата страна, а потоа изберете „Промена на лозинка”, а по внес на новата лозинка одберете ја опцијата „Зачувај”.

Доколку не можете да се логирате на мобилната апликација бидејќи сте ја заборавиле лозинката одете на полето „Заборавена лозинка” на почетната страна од апликацијата внесете го вашиот мобилен или фиксен телефонски број и СМС код ќе биде пратен на мобилниот број или на контакт мобилен број (доколку се најавувате преку фиксен телефонски број). По внесување на точен код Ви се појавува листа на Кориснички имиња коишто ги имате креирано на тој претплатнички број одбирате преку кое корисничко име сакате да се најавите и нова лозинка ќе биде пратена преку СМС. Откако ќе ја добиете новата лозинка можете да се најавите со Корисничкото име и новата лозинка. Откако ќе се најавите на апликацијата преку менито во самата апликацијата имате можност да ја промените лозинката.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања