Корисничка поддршка

Што претставува мобилната апликација Мојот A1?

Бесплатната мобилна апликација Мојот A1 претставува дигитален канал којашто на корисниците на услугите на A1 им овозможува вршење проверка преку мобилен уред (телефон, таблет) на сопствените претплатнички податоци, реализиран сообраќај, преглед на фактури и нефактурирани надоместоци за користени услуги од мобилната телефонија, фиксната телефонија и фиксни услуги, како и активирање и деактивирање одреден тип на услуги за одредена претплатничка линија. Преку самата апликација постпејд корисниците можат да ги плаќаат своите сметки, додека припејд корисниците можат да направат надополнување на кредит од било каде во било кое време. Податоците достапни преку апликацијата се информативни и не претставуваат замена за регуларната месечна сметка што му се испраќа на корисникот. 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања