Корисничка поддршка

Користам фиксни услуги како да креирам корисничко име за Мојот А1?

Доколку користите фиксни услуги отсега ќе можете да креирате корисничко име на мобилната апликација Мојот A1 со тоа што верификацијата ќе се направи преку мобилниот контакт број којшто го имате оставено како податок во A1. Значи услов за регистрација е да имате валиден мобилен контакт број.

Постапка за креирање на Корисничко име:

Изберете тип на услуги коишто ги користите:

  • мобилни и конвергентни (одберете го полето “Мобилни”, ако имате барем еден A1 мобилен претплатнички број)
  • фиксни услуги (изберете го ова поле, ако имате исклучиво фиксни услуги од A1)
     

Доколку изберете “Фиксни услуги” внесувате фиксен број преку којшто сакате да креирате Корисничко име.

Во СМС-порака ќе добиете безбедносен код на Вашиот мобилен контакт број.

Откако ќе го внесете точниот безбедносен код продолжувате кон следна страна на креирање на корисничко име.

Доколку немате валиден мобилен контакт број или имате фиксен контакт број ќе добие инструкција да се јавите во контакт центарот за ажурирање на податоци (што значи дека ќе треба во контакт центарот по стандардна верификација да оставите мобилен контакт број за да може да креира Корисничко име).

Доколку за таа фиксна линија веќе постои корисничко име ќе Ви биде понудено да се логирате преку постоечкото корисничко име со тоа што новата лозинка ќе биде пратена преку СМС на Вашиот мобилен контакт број.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања