Корисничка поддршка

Како да креирам корисничко име на мобилната апликација Мојот A1?

Кликнете на линкот - Нов корисник.

Изберете тип на услуги коишто ги користите:

  • мобилни и конвергентни (одберете го полето “Мобилни”, ако имате барем еден A1 мобилен претплатнички број)
  • фиксни услуги (изберете го ова поле, ако имате исклучиво фиксни услуги од A1)


Внесете го Вашиот телефонски број во означеното поле.


Потоа кликнете “Испрати СМС код”.


Во СМС пораката ќе добиете безбедносен код што треба да го внесете во означеното поле и потоа да кликнете на “Најави се”.


Потребно е да ја внесете лозинката од претплатничкиот договор* за соодветниот телефонски број. Ова поле не е задолжително но доколку не се пополни ќе имате лимитирани привилегии односно нема да имате пристап до податоците за сите услуги што Ви се под претплатничкиот договор. Нашиот совет е доколку имате повеќе услуги од A1 под истиот претплатнички договор да ја внесете лозинката и да добиете Master привилегии.

Претплатнички договор e Договорот потпишан при активација на телефонскиот број. Доколку не ја знаете лозинката Ве молиме јавете се во Контакт центарот (077 1234).

Внесете ги Вашите податоци.

Доколку успешно го креиравте Вашето корисничко име ќе Ви се појави информација за успешна регистрација.

Внесете ги креираните корисничко име и лозинка и кликнете на “Најави се”. Во овој чекор имате можност да изберете дали да се најавите долготрајно преку вклучена опција “Запомни ме” или приверемено – за што треба да ја исклучите опцијата “Запомни ме”.

Доколку претходно веќе сте креирале Корисничко име од погоренаведените чекори при регистрација ќе Ви се појави листа на Кориснички имиња коишто веќе сте ги креирале во минатото за претплатничкиот број од којшто се најавувате. Ќе имате опција да го изберете Корисничкото име преку коешто сакате да се најавите од листата и ќе ви биде пратена нова лозинка за тој профил преку СМС.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања