Корисничка поддршка

Дали може да го користам интернет-стикот во странство?

Со цел заштита на корисниците од несакани и непредвидени трошоци, мобилните стикови наменети за мобилен интернет се активираат со тарифни модели коишто имаат вклучена забрана за користење на мобилен интернет во роаминг. Доколку сакате да користите интернет во странство потребно е да се деактивира роаминг забраната.


Забраната за користење на интернет во роаминг можете да ја деактивирате преку Вашиот профил на мобилната апликација Мојот А1, преку веб порталот Мојот А1 или пак со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.


Притоа најевтини цени за користење на интернет во странство ќе имате доколку активирате некој од достапните пакети или опции -A1 Roam Surf (S, M, L и XL). Овие пакети можете да ги активирате преку Вашиот профил на мобилната апликација Мојот А1, преку веб порталот Мојот А1 или пак со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања