Корисничка поддршка

Кои документи за деловно лице се потребни за склучување на претплатнички договор?

Доколку сте деловен субјект и сакате да склучите претплатнички договор за користење на телекомуникациски услуги од А1, потребно е да го посетите најблиското А1 продажно место и ги приложите следните документи:


1. валиден печат од правниот субјект;
2. документ за депонирани потписи од Централен Регистар или Потписен картон од банка
3. извод од банка не постар од еден месец
4. валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош од лицето коешто го потпишува договорот (а тоа може да биде законски застапник, вработен или трето лице односно лице овластено со нотарски заверено полномошно,
5. доколку од апликантот се бара услуга за којашто има инсталација на опрема со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација.
6. за потврда на адресата за инсталација треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот - договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања