Корисничка поддршка
Како да ја добивам мојата сметка преку e-mail?
Вашата сметка можете да ја добивате преку e-mail со активација на „Е-сметка“.
„Е-сметка“ можете да ја активирате на еден од следните начини:
- преку формата за Активација на е-сметка
- преку мобилната апликација „Мојот A1“ (симнете ја мобилната апликација „Мојот A1“ преку Google Play/App Store креирајте Ваш профил и најавете се во делот „Сметки“ одберете ја опцијата „Е-сметка“)
- со испраќање СМС порака со содржина „START” на бесплатниот број 140 410
- со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.
Со оваа услуга, сметката повеќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на Вашата e-mail адреса ќе добиете:
- број на фактура, како и износот на Вашата месечна сметка
- PDF документ од Вашата месечна фактура
По активацијата на „Е-сметка“, следната издадена сметка, ќе Ви биде доставена на Вашата e-mail адреса.
Активација на Е-сметка онлајн и со испраќање на СМС важи само за приватни корисници на мобилни услуги. Доколку сте бизнис корисник, можете да активирате „Е-сметка“ преку Вашиот A1 бизнис агент.
Погледнете го Видео туториалот кој ќе Ви помогне како да ја платите активирате Вашата е-сметка:
Слични прашања
- Како да добијам детална сметка?
- Како можам да ја проверам моменталната состојба на мојата сметка?
- Како да ја активирате бесплатната услуга „e-сметка“ и како да плаќате онлајн
- Месечна сметка за комуникациски услуги од А1
- Мојот А1 - Плаќање сметка, префрлање припејд кредит и активација на дополнителен пакет