Постпејд Тарифни Модели
A1 постпејд
30GB интернет со А1 Постпејд
Изберете А1 Neo M+ тарифа и добијте промотивни 30GB интернет и А1 Net Sef, Ваш личен сеф за интернет. Со A1 Net Sef, неискористениот месечен интернет ќе можете да го користите кога и да Ви треба. Плус, зачуваниот интернет од А1 Net Sef, преку апликацијата Мојот А1 ќе може да го размените за интернет во роаминг или за разговори кон странство.
A1 Neon+
Изберете А1 Neon+ и добијте попуст за нов смартфон и 30GB интернет за цело времетраење на договорот.
Тарифниот модел A1 Senior е достаен за физички лица кои ќе потврдат дека се пензионери, со склучување нов или со обнова на договорот на 24 месеци.
A1 Senior | |
---|---|
Месечна претплата (ден.) | 299 |
Минути кон A1 | неограничено |
Минути кон останати национални мрежи (фиксни и мобилни) | 50 |
SМЅ кон сите национални мрежи | 50 |
4G интернет | 500MB |
Паметни часовници за деца
MyKi Touch
MyKi е детски смарт-часовник од новата генерација, кој е одлична забава за Вашето дете, но и сигурност за Вас како родител!
Изберете смарт-часовник MyKi за Вашето дете, израдувајте го со прекрасен тротинет за уште позабавно лето.
Детскиот смарт-часовник има GPS-уред, преку кој секогаш ќе знаете каде е Вашето дете и ќе бидете во тек со неговото движење. Лесен е и едноставен за користење.
Преку SOS-копчето детето во секој момент може да Ве повика на Вашиот телефон, а бидејќи смарт-часовникот има вградено SIM-картичка, може да разговарате со детето кога и да посакате.
Смарт-часовникот е достапен промотивно по цена од 0 денари во сите продажни места или со онлајн нарачка, со договор склучен на 24 месеци и месечна претплата од 399 денари за тарифата A1 MyKi.
Доколку тарифата А1 MyKi ја вклучите во пакет A1 Combo 4, ќе добиете попуст од 100 денари на месечната претплата за тарифата А1 MyKi.

Функции на MyKi:
- Локација – со MyKi секогаш знаете каде е Вашето дете, можете да го следите движењето на детето на Вашиот мобилен телефон, преку апликацијата MyKi Watch.
- Повици – можете да дефинирате до 10 броеви со кои детето ќе комуницира преку часовникот. Со MyKi Вашето дете е заштитено од несакани повици, бидејќи часовникот овозможува појдовни и дојдовни повици само со претходно дозволени броеви.
- SOS-копче за брзо повикување – само со притискање на SOS-копчето, Вашето дете ќе може да Ви се јави и автоматски ќе Ви бидат пратени координатите на неговата локација.
- Гласовни пораки – можете да примате и да праќате гласовни пораки од и до Вашето дете.
- Сензор за допир/близина – благодарение на вградениот сензор, Вие ќе знаете дали Вашето дете во моментот го носи часовникот и ќе бидете информирани доколку часовникот е тргнат од раката.
- Екран на допир во боја – со MyKi Touch Вашето дете може да пристапи во секое мени само со допир на екранот, што го прави MyKi Touch интерактивен и едноставен за користење.
- Заменливи силиконски ремчиња во повеќе бои, кои се целосно безбедни и со удобен дизајн за Вашето дете.
- Избор на повеќе ринг-тонови.
Повеќе информации за функциите на смарт-часовниците можете да најдете на веб-страницата за MyKi www.myki.watch.
За повеќе информации јавете се на 077 1234.
MyKi Pet тракер
Отсега Вашето милениче ќе може слободно да си игра надвор, а Вие опуштено ќе може да ја следите неговата локација каде и да е. Нема потреба да се грижите дека Вашето милениче ќе се изгуби, затоа што со MyKi Pet тракерот, секогаш ќе знаете каде точно се наоѓа.
MyKi Pet е тракинг уред, кој им помага на сопствениците на миленичиња преку апликација да го следат движењето на миленичињата и нивната локација во кое било време. Преку GPS, LBS и Wi-Fi локализацијата, MyKi Pet Ви овозможува прецизна локација на миленичето со точност до десет метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка, и доколку миленичето ја премине оваа зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави на мали, но и на поголеми домашни миленичиња.

MyKi Pet тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел A1 MyKi Pet со претплата од 199 ден./месечно.
Повеќе информации за функциите на тракерот можете да најдете на веб-страницата за MyKi или јавете се на 077 1234.
Дополнителни информации и помош
- Цените се со вклучен ДДВ.
- 4G LTE брзината зависи од повеќе фактори, како поседување соодветна uSIM картичка, телефонскиот апарат, мрежниот сигнал и бројот на корисници што истовремено користат интернет од иста локација
За повеќе информации јавете се на 077 1234.