Паметно е да имаш
A1 Smart Home
Паметно е да имаш
A1 Smart Home

Надвор врне, а Вие се прашувате дали го затворивте прозорецот? Се брзавте за на работа и не сте сигурни дали сте ја исклучиле пеглата? Сакате да следите што прават Вашите деца кога се сами дома или си играат во соседната соба? Изберете A1 Smart Home и олеснете си го Вашето секојдневие!

Smart Home е паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел да се зголеми удобноста, сигурноста и безбедноста.

A1 Smart Home Ви овозможува преку користење едноставна апликација на Вашиот смартфон, да управувате со електричните уреди во домот и да проверите дали е сè во ред во секое време, од кое било место. На овој начин ќе може да ги намалите трошоците и да заштедите време.

Секој член од семејството ќе може да управува со уредите во домот. Не грижете се, за најмалите има посебен режим и ограничено управување со уредите.

Промотивно: Активирајте A1 Smart Home S со договор на 24 месеци и добијте ја услугата без претплата, 24 месеци.

Smart Home ќе Ви помогне да следите што прават Вашите деца кога се сами дома или си играат во соседната соба.

Со Smart Home секогаш знаете што прави Вашето милениче додека не сте дома.

Доаѓате дома, а Вашиот дом Ве чека со оптимална температура.

Со Smart Home ќе бидете сигурни дека сте ги исклучиле пеглата и климата.

Со Smart Home секогаш ќе може да проверите дали сте ги оставиле влезната врата или прозорецот отворени.

 

Достапен за сите


Smart Home може да се користи на кој било интернет-провајдер во нашата земја.

Лесна инсталација


Инсталацијата е многу едноставна, нема кабли и губење време.

Лесно управување


Со Smart Home можете лесно да управувате со сите паметни уреди во Вашиот дом.

Автоматско прилагодување


Smart Home уредот е паметен. Автоматски се прилагодува на Вашите дневни рутини и навики.

Преземете ја апликацијата
Smart Home
Solution
 

Промотивно: Активирајте A1 Smart Home S со договор на 24 месеци и добијте ја услугата без претплата, 24 месеци.

smart home Basic
Уреди
  • Централна единица
  • 2x Паметен приклучок
  • Сензор за врати и прозорци
Услуги
  • Мобилна апликација за управување со сите уреди
  • Пристап до апликацијата за повеќе лица
  • Известување преку SMS
  • Известување со повик
Цена на уреди:
199 ден./мес.

на 24 месеци

+

Месечна претплата за услуга
A1 Smart Home S

149 ден.
0 ден.
smart home Protect
Уреди
  • Централна единица
  • 2х Паметен приклучок
  • Сензор за врати и прозори
  • Внатрешна камера
  • Повеќенаменски сензор
Услуги
  • Мобилна апликација за управување со сите уреди
  • Пристап до апликацијата за повеќе лица
  • Известување преку SMS
  • Известување со повик
  • Видео складирање до 30 дена.
Цена на уреди:
299 ден./мес.

на 24 месеци

+

Месечна претплата за услуга
A1 Smart Home S

149 ден.
0 ден.
smart home comfort
Уреди
  • Централна единица со SIM
  • 2х Паметен приклучок
  • 2х Сензор за врати и прозорци
  • Паметен засилувач
  • Внатрешна камера
  • Повеќенаменски сензор
Услуги
  • Мобилна апликација за управување со сите уреди
  • Пристап до апликацијата за повеќе лица
  • Известување преку SMS
  • Известување со повик
  • 2GB интернет
  • Видео складирање до 30 дена.
Цена на уреди:
349 ден./мес.

на 24 месеци

+

Месечна претплата за услуга
A1 Smart Home M

199 ден.

Направи сам - Smart Home според Вашите потреби

За креирање Smart Home пакет, потребно е да изберете една од тарифите Smart Home S или Smart Home M и централна единица за контролирање на уредите.

Потоа изберете помеѓу различните Smart Home уреди и направете ja вистинската комбинација за Вас.

За повеќе информации јавете се во Контакт центар на 077 1234.

Централна единица

Централната единица ги поврзува паметните уреди со Вашиот смартфон. Ви овозможува да управувате со сите уреди едноставно и практично од Вашиот смартфон, каде и да сте.

Цена на уред:
2.099 ден.

Централна единица со SIM картичка

Централната единица со вградена SIM-картичка има 2GB вклучен интернет за комуникација со уредите и вградена батерија што трае до 4 часа. Централната единица ги поврзува паметните уреди со Вашиот смартфон и Ви овозможува да управувате со сите уреди едноставно и практично, каде и да сте.

Цена на уред:
3.399 ден.

Сензор за врати и прозорци

Благодарение на сензорот што функционира со магнет, секогаш знаете дека вратите и прозорците во Вашиот дом се затворени. Автоматски добивате известување на Вашиот смартфон доколку нешто сте оставиле отворено.

Цена на уред:
799 ден.

Внатрешна камера

Со внатрешната камера цел ден можете да следите што се случува во Вашиот дом - со можност да снимате во радиус од 115 °, со можност за HD видеостриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата започнува со снимање штом се активира сензорот.

Цена на уред:
1.299 ден.

Повеќенаменски сензор

Овој сензор автоматски го детектира секое движење, Ви овозможува да ја измерите температурата и интензитетот на светлината. Има оптимална величина и лесно се вклопува во секој простор.

Цена на уред:
1.399 ден.

Паметен засилувач

Засилувачот Z-Wave е дизајниран да го засили и да го зголеми опсегот од индивидуални сензори до Smart Home. На овој начин, дури и пооддалечените сензори ќе работат оптимално.

Цена на уред:
729 ден.

Паметен приклучок

Паметниот приклучок Ви овозможува да го вклучите или да го исклучите кој било електричен уред што е со моќност до 2500 W преку смартфон или таблет, без разлика каде се наоѓате.

Цена на уред:
1.699 ден.

Сензор за чад

Сензорот за чад ја зголемува безбедноста во Вашиот дом. Ги детектира честичките кои се наоѓаат во чадот и поседува вграден аларм кој се активира во случај на несакана ситуација. Сензорот за чад обезбедува чувство на сигурност, бидејќи знаете дека во случај на несакана ситуација можете веднаш да реагирате.

Цена на уред:
1.419 ден.

Паметна сијалица

Вашето секојдневие ќе биде позабавно со паметната сијалица која Ви овозможува лесно да го контролирате осветлувањето во Вашиот дом. Мала потрошувачка на енергија но со генерирање на светлина која може да се спореди со светилка од 60 w. Дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината, лесно можете да го одредите тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.

Цена на уред:
919 ден.

Внатрешен аларм

Со јачина на сирената од 105 dB добивајте известувања во ситуации кога неовластени лица неочекувано имаат намера да влезат во Вашиот дом. Внатрешниот аларм има вградена батерија која овозможува да работи три часа и во случаи кога електричната енергија е прекината.

Цена на уред:
1.219 ден.