Цена (ден./месечно) | Интернет/SMS/Мин. | Активација со SMS | Деактивација со SMS | |
---|---|---|---|---|
NET 1GB | 149 | 1 GB | START 1GB на 140240 | STOP 1GB на 140240 |
NET 2GB | 199 | 2 GB | START 2GB на 140240 | STOP 2GB на 140240 |
NET 5GB | 299 | 5 GB | START 5GB на 140240 | STOP 5GB на 140240 |
Пакет 100 SMS кон сите мрежи | 99 | 100 SMS кон сите национални мрежи | START SMS на 140143 | STOP SMS на 140143 |
Пакет 100 минути кон странство | 399 | 100 мин. кон странство | START 100 на 140303 | STOP 100 на 140303 |
Пакет 200 минути кон странство | 699 | 200 мин. кон странство | START 200 на 140303 | STOP 200 на 140303 |
По испраќање на SMS-пораката за активација на избраниот пакет ќе добиете SMS-известување дека дополнителниот пакет е активиран. Дополнителните пакети се обновуваат автоматски сè до нивната деактивација. При почетната активација, месечната претплата за првиот месец се пресметува во пропорционален износ во зависност од бројот на преостанатите денови до крајот на пресметковниот период.
Брзината на интернет зависи од тарифниот модел што го користите и од типот на SIM-картичката.
Тарифните пакети NET 2GB и NET 5GB се промотивни и се со ограничено времетраење.
Сите наведени цени се со вклучен ДДВ .
За сите Ваши слики, видеа, фејсбук и инста сторис.
Активирајте A1 Go Social, пакет со неограничен интернет за Вашите омилени социјални мрежи Facebook, Instagram, Messenger, Snapchat, WhatsApp и TikTok.
Со A1 Go Social споделувајте слики и видеа, четувајте со пријателите, гледајте и постирајте инстаграм и фејсбук сторис без да го трошите Вашиот месечен интернет.
Цена (ден./месечно) | Интернет | Активација со SMS | Деактивација со SMS | |
---|---|---|---|---|
A1 Go Social | 199 | Неограничено за Facebook, Instagram, FB Messenger, Snapchat, WhatsApp и TikTok ![]() | START SOCIAL на 140400 | STOP SOCIAL на 140400 |
Пакетот A1 Go Social може да го користите се додека имате преостанат мобилен интернет во тарифата. По неговото искористување брзината на интернетот се намалува и за пакетот A1 Go Socal.
Пакетот A1 Go Social важи за тарифните модели од A1 Neo, A1 Neo SIM и A1 Neon портфолијата. Пакетот се обновува автоматски сè до негова деактивација. При почетната активација, месечната претплата за првиот месец се пресметува во пропорционален износ во зависност од бројот на преостанатите денови до крајот на пресметковниот период.
Пакетот A1 Go Social не важи за интернет сообраќај:
- остварен со видео повици и VoIP повици преку наведените апликации и
- остварен преку линк кој води кон содржина која е поставена надвор од наведените социјални мрежи (пр. следење на линк од Facebook кој води кон Youtube содржина не спаѓа во интернет сообраќајот вклучен во пакетот A1 Go Social туку истиот се одзема од интернет сообраќајот вклучен во тарифата)
Уживајте во неограничено слушање музика!
Активирајте A1 Go Music, пакет со неограничен интернет за користење на апликацијата Deezer, со достапност на повеќе од 56 милиони песни. Пребарувајте песни и текстови и преслушувајте ги омилените албуми, без да го трошите Вашиот месечен интернет.
Пакетот автоматски се обновува на почетокот на секој пресметковен период, сè додека не го деактивирате. Месечната претплата изнесува 99 денари/месечно. Пакетот е достапен за активација преку SMS или, пак, преку апликацијата Мојот А1.
Цена (ден./месечно) | Интернет | Активација со SMS | Деактивација со SMS | |
---|---|---|---|---|
A1 Go Music | 99 | Неограничено за![]() | START MUSIC на 140400 | STOP MUSIC на 140400 |
Пакетот A1 Go Music може да го користите сè додека имате преостанат мобилен интернет во тарифата, а по неговото искористување, брзината на интернетот се намалува и за пакетот A1 Go Music, во зависност од тарифниот модел.
Пакетот A1 Go Music важи за тарифните модели A1 Neo, A1 Neo SIM и за портфолијата A1 Neon, a се обновува автоматски сè до негова деактивација. При почетната активација, месечната претплата за првиот месец се пресметува во пропорционален износ во зависност од бројот на преостанатите денови до крајот на пресметковниот период.
Добијте бесплатен пакет A1 Go Music Free!
Со активација на услугата A1 Xplore Music by Deezer, автоматски добивате бесплатен пакет А1 Go Music Free, со кој ја користите апликацијата Deezer без да трошите од месечниот мобилен интернет во Вашата тарифа. Достапноста на пакетот А1 Go Music Free е во зависност од вклучената мобилна тарифа сè додека Ви е активна и од услугата A1 Xplore Music by Deezer.
Услугата A1 Xplore Music by Deezer е достапна за сите постпејд корисници на А1 Македонија. За начините за активација и деактивација на услугата A1 Xplore Music by Deezer, проверете на следниот линк.