Упатство за најава на WiFi мрежа преку ZTE F670L рутер
За да Ви обезбедиме подобро корисничко искуство и подобар квалитет на интернет услугата во Вашиот дом, извршивме спојување на различните имиња за двете фреквенции (2,4GHz и 5GHz) на Вашата WiFi мрежа во едно единствено име. Сите безжични уреди кои претходно биле поврзани на одделните фреквенции на мрежата, потребно е да проверите дали се поврзани на единственото ново име на мрежата. Доколку некои не се, Ве молиме поврзете ги повторно според следните насоки.
- На почеток, отворете ја категоријата WiFi поставки (Settings > WiFi) на уредот кој сакате да го поврзете (телефон, таблет, компјутер, телевизор или друг уред).
- Името на WiFi мрежата на која треба да се поврзете е испишано на задната страна од Вашиот рутер, кај ознаката 2.4GHz SSID.
- На Вашиот уред пронајдете ја и изберете ја таа WiFi мрежа и внесете ја лозинката која исто така е испишана на налепницата, кај ознаката WPA/WPA2-PSK.
- За крај притиснете Connect за да се поврзете на WiFi мрежата.
Видете го примерот подолу од сликата 1:
- 2.4GHz SSID: ZTE_2.4G_yKsHPy
- WPA/WPA2-PSK: YdgjPEk6

слика 1