Најава на Wi-Fi мрежа преку UBEE рутер
За да Ви обезбедиме подобро корисничкото искуство и подобар квалитет на интернет услуги, извршено е ресетирање на Вашата Wi-Fi мрежата. Поради тоа, потребно е повторно да ги поврзете безжичните уреди на ресетираното име на Wi-Fi мрежа, кое е испишано на задната страна од Вашиот Wi-Fi рутер.
За повторно поврзување следете ги чекорите подолу.
Пример за поврзување преку мобилен уред
- На почеток, отворете ја категоријата Wi-Fi поставки (Settings > Wi-Fi) на уредот кој сакате да го поврзете (телефон, таблет, компјутер, телевизор или друг уред). Видете слика 1 и 2.
- Потоа, побарајте го името на мрежата кое е испишано на задна страна на Вашиот рутер, после ознаката “SSID:”. Видете слика 3
- На Вашиот уред изберете ја истата Wi-Fi мрежа и внесете ја лозинката, којa исто така е испишана на задната страна на Вашиот рутер, после ознаката “WPA2-PSD:”. Видете слика 3.
- За крај притиснете „Connect“ за да се поврзете.

слика 1

слика 2

слика 3