

Content Positive 2025
Поинаква конференција за побезбеден дигитален простор
Content Positive 2025 е конференција што ја предводи визијата за побезбеден и поквалитетен дигитален свет, како дел од платформата Подобар онлајн на А1 Македонија. Целта на конференцијата е да обедини истакнати личности од областа на онлајн безбедноста, сајбер заштитата, образованието, технологијата, креатори на содржини и на регулативата, создавајќи уникатен простор за споделување знаење, искуства и добри практики.
Главната цел на Content Positive 2025 е заеднички да изградиме посигурна, поодговорна и попозитивна онлајн заедница, во која секој корисник ќе се чувствува заштитено и информирано.
Преку инспиративни предавања, панел-дискусии и отворени разговори, конференцијата носи свежи перспективи и практични насоки за тоа како сите поединци, организации и институции можеме активно да придонесеме во создавањето подобар дигитален екосистем.
Content Positive 2025 е и потврда дека вистинската промена започнува со свесност, соработка и одговорност, и дека само заедно можеме да изградиме побезбеден интернет за сите.
Придружи ни се на Content Positive 2025 – конференција посветена на побезбеден, поодговорен и попозитивен дигитален свет.
Заедно градиме подобар онлајн простор за сите.
Панел 1
Безбедност и одговорност во дигиталниот свет – улогата на медиумите, на технологијата и на бизнисите
Модератор
Живкица Каленикова
Панелисти
- Коле Чашуле – новинар и медиумски експерт
- Д-р Иван Чорбев – професор на Факултетот за информатички науки и инженерство ФИНКИ
- Нина Ангеловска – експерт за дигитална трансформација и иновации
- Јована Аврамовска – креатор на содржини
- Стевчо Ристески – бизнис и ИКТ директор, A1 Македонија
Панел 2
Приватност и дигитални права – Баланс меѓу безбедност и слободи
Модератор
Ана Јовковска
Панелисти
- д-р Калина Сотироска Иваноска – вонредна професорка на Институтот за психологија
- Божидар Спировски – експерт за сајбер безбедност
- Весна Трпевска - началник на Одделение за отворени истраги и документирање, Сектор за компјутерски криминал
- Ас. д-р Васка Митова – Катедра за психијатрија и медицинска психологија
- Игор Ангелов – актер
Панел 3
Онлајн просторот и младите – како до подобри онлајн
Модератор
Жарко Димитриоски
Панелисти
- Живко Мукаетов – генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје
- Кики Мукаетова – креаторка на содржина
- Ана Попризова – психолог и Гешталт терапевт
- Д-р Димитар Јовевски – редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ
- Елеонора Венинова – режисерка и сценаристка

