
Илузијата на бесплатниот интернет
Секојдневно се соочуваме со десетици „pop-ups“ кои љубезно нè прашуваат дали прифаќаме „колачиња“ (cookies). Најчесто, тие ни стојат на патот кон статијата што сакаме да ја прочитаме или видеото што сакаме да го изгледаме. Од навика, го избираме најбрзото решение: Accept All.
Но, дигиталните колачиња не се секогаш слатки.
Додека некои од нив се навистина неопходни за веб-страницата да функционира (на пример, да ги зачува производите што имаш ставено во кошничката), голем дел од нив служат за нешто сосема друго. Тие се мали трагачи кои го следат твоето дигитално движење. Со секое невнимателно прифаќање, ти несвесно отвораш врата до твоите лични податоци како твојата локација, историјата на пребарување, твоите интереси, па дури и информации за уредот што го користиш.
Во дигиталниот свет твоите податоци се највредната валута. Прашањето е: Дали навистина сакаш да ги трошиш толку лесно?
Твојата безбедност е во твои раце.
Интернетот е одлично место кога знаеш како безбедно да се движиш низ него. Заштитата на личните податоци не бара напредни ИТ вештини, туку само малку повеќе внимание и свесност пред секој клик. Во А1 веруваме дека технологијата треба да ти служи тебе, а не обратно. Континуирано работиме на едукација и обезбедување решенија кои ги штитат нашите корисници во дигиталниот простор.
Затоа што само безбеден интернет е добар интернет. Заедно градиме #ПодобарОнлајн.

