Корисничка поддршка

Како да го поврзам дигиталиот ресивер (со антена)

SAGEM STB ресивер (бел)

Пакетот се состои од Sagem STB ресивер, адаптер за напојување, смарт картичка, далечински управувач и скарт кабел. Дополнително на локацијата каде ќе се употребува уредот се приклучува надворешна антена. Поврзувањето на уредот се прави на следниот начин:

Антенскиот кабел се приклучува во делот Ant In, скарт кабелот се поврзува на двете места- и во излезот на дигиталниот ресивер и во излезот од Вашиот телевизор. На крај се поврзува напојувањето.

Откако ќе се поврзе опремата потребно е да се избере соодветниот тв излез преку далечинскиот управувач од телевизорот  за да се добие сликата од ресиверот. Самото мени ќе даде порака да се избере јазик (македонски, албански, англиски). По изборот на јазик излегува порака започнете со прескенирање/пребарување на канали. Пребарувањето се врши автоматски без потреба да се внесуваат одредени фреквеции или параметри. По завршување на пребарувањето кое може да потрае неколку минути, ресиверот се рестартира и се добива слика.

 

STRONG STB ресивер (црн)

Пакетот кој се добива се состои од Strong STB ресивер, адаптер за напојување, смарт картичка, далечински управувач и hdmi кабел. Дополнително на локацијата каде ќе се употребува уредот се приклучува надворешна антена. Доколку немате тв уред кој има hdmi приклучок, потребно е да обезбедете скарт кабел. Поврзувањето на уредот се прави на следниот начин:

Антенскиот кабел се приклучува во делот Ant In. Strong STB ресиверот бара подобар сигнал отколку Sagem STB ресиверот што значи дека во одредени случаи на иста антена каналите може да се следат на Sagem-ot додека на Strong-от може да јавува порака за проблем со сигнал.

 

KAON 1701D DVB-T (црн/интерактивен)

По прво приклучување/фабрички рестарт на ресиверот од струја се појавува A1 логото и син индикатор (линија) којшто треба да се наполни до крај.

Потоа се појавува мени каде што фабрички се поставени „јазик“ - „македонски“  и „тип на пребарување“ - „автоматско“. Потребно е да одберетеОК“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер за продолжи пребарувањето на каналите.

Пребарувањето започнува веднаш со информација колку канали се пронајдени.

Откако пребарувањето ќе заврши се појавува прозорец каде што има информацја за тоа дали пребарувањето е успешно и колку тв/радио канали се пронајдени. Одберете OK на далечинскиот управувач за да ги зачувате промените при што ќе се појави ТВ канал на Вашиот екран.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања