Корисничка поддршка

Какви се тие Повици со USSD код во роаминг и како можам да ги користам?

Роаминг услугата “Повици со USSD код” Ви овозможува најевтини повици кон дома додека престојувате во странство. За користење на услугата прво внесете го кодот *123* а во продолжение го внесувате бројот што го повикувате со соодветниот префикс (+3897YYXXXXXX) и на крајот внесете #.


Пример за повик кон:
мобилен број: *123*38975ХХХХХХ#;
мобилен број: *123*38977ХХХХХХ#;
фиксен број во Скопје: *123*3892XXХXХХХ#


Откако ќе го направите повикот тој ќе биде прекинат, а потоа ќе добиете USSD-известување дека повикот се воспоставува. Следува повратен повик на којшто треба да одговорите и да почекате додека другата страна не одговори. Повикот се наплатува од моментот на воспоставување на врската помеѓу двете страни. Нема месечна претплата за користење на услугата “Повици со USSD код”. “USSD” услугата/цената важи само за оператори со коишто А1 Македонија има договор. Пред Вашето патување проверете со кои оператори имаме потпишано договор.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања