Корисничка поддршка

Телефонот не ми ја препознава СИМ-картичката?

Доколку Вашиот телефон не ја препознава СИМ-картичката проверете дали Вашиот мобилен уред е кодиран (заклучен да работи само на одредена мрежа). Доколку при вклучување уредот Ви бара “unlock code/код за отклучување” тоа е индикатор дека уредот не може да работи на други мрежи.
 

Исто така потребно е да се обидете да ја вметнете картичката во друг телефонски уред или да ја извадите и вметнете одново во истиот уред. Доколку и во тој уред картичката не е препознаена тогаш Ве советуваме да се јавите во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234 или да го посетите најблискиот А1 продажен салон.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања