Корисничка поддршка

Не можам да примам и да правам повици преку мобилниот телефон

Доколку имате потешкотија со повици (појдовни/дојдовни), а се наоѓате во државата Ве молиме проверете дали ја имате избрано и користите мрежата на А1.


Доколку не сте поврзани на мрежа проверете дали самиот уред дава информација “Insert SIM” (вметнете ја повторно во Вашиот уред, СИМ картичката), или “Unknown network” (направете проверка на мрежниот режим, во поставките на Вашиот мобилен уред- (Settings – Network, или Mobile network- Network mode).


Доколку сте припејд корисник проверете ја состојбата на Вашата сметка со повик кон бесплатниот телефонски број 1770.
 

Ако сте направиле пренос на Вашиот број од друг оператор во А1, а во истиот ден имате проблем со повици Ве молиме да почекате до 16 часот за да Ви биде целосно активна линијата.
 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања