Корисничка поддршка

Како да купам телефон или друг уред на рати?

Во нашата понуда услугата за купување/плаќање на уред со месечни рати е овозможена за одредени модели на уреди преку месечната сметка за телекомуникациски услуги од А1 додека пак за сите уреди оваа опција е овозможена со аплицирање за кредит од НЛБ Банка.


За да ја користите оваа можност потребно е да го посетите најблиското А1 продажно место и да поднесете барање за купување на уред на рати (кредит).


1. При аплицирање за кредит преку НЛБ Банка потребно е да приложите:
• потврда за заснован работен однос (преземете PDF),
• пензиски чек со минимален износ на примања од 8.000 ден./ месечно,
Карактеристики на потрошувачкиот кредит:
• Максималниот износ на кредит изнесува 40.000 ден.
• За потрошувачки кредит може да аплицираат само физички лица,
• Плаќањето на телефонот на 24 рати се врши со склучување на договор за потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со НЛБ банка.
• Ратите се плаќаат во НЛБ банка.

2. Доколку пак се одлучите за купување на уред од понудата на уреди достапни на рати преку месечна сметка за телекомуникациски услуги од А1 тогаш е потребно да поднесете потврда за заснован работен однос (преземете PDF) или пензиски чек со минимален износ на примања.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања