Корисничка поддршка

Како да ја добивам мојата сметка преку e-mail?

Вашата сметка можете да ја добивате преку e-mail со активација на услугата "Електронска сметка".

Услугата “Електронска сметка” можете да ја активирате на еден од следните начини:

• преку мобилната апликација "Мојот A1" (симнете ја мобилната апликација "Мојот A1" преку Google Play/Apple Store, креирајте Ваш профил и најавете се во делот „Сметки" одберете ја опцијата “Електронска сметка”) 

• со испраќање СМС порака со содржина “START” на бесплатниот број 140 410 (oваа опција важи само за приватни корисници на мобилни услуги)

• со повик во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234.

По активацијата на услугата “Електронска сметка” сите наредни сметки за бројот на претплатникот ќе ги добивате електронски на Вашата e-mail адреса односно сметките повеќе нема да ги добивате на Вашата домашна адреса во хартиена форма.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања