Безбедносни решенија

A1 Cyber Backup - Модерно и сигурно решение за заштита на Вашите податоци

Многу компании сфаќаат колку е значајна безбедноста на податоците дури кога е веќе предоцна. Губењето на податоци критични за бизнисот е честопати поврзано со екстремно високи трошоци и прекинување на деловните процеси на компанијата.

A1 Cyber Backup е интелигентно решение кое нуди:

  • креирање резервни копии (backup) на податоците, уреди и апликации;
  • брзo враќање (recovery) на податоците во кое било време;
  • заштита од ransomware напади, компјутерски вируси и друг малициозен софтвер (malware) базирана на вештачка интелигенција (AI);
  • далечински пристап и интуитивни алатки за далечинско управување и безбедност во едно.

A1 Cyber Backup Ви овозможува да управувате со поставките за backup за сите уреди во Вашата компанија од единствен web интерфејс кој е достапен од било каде, во било кое време. Доколку има потреба или доколку се случи инцидент, враќањето на компромитираните податоци е брзо и едноставно со неколку кликови.

A1 Cyber Backup

Активирајте го соодветниот A1 Cyber Backup пакет според Вашите потреби

A1 Cyber
Backup
50GB
290 ден./ месечно
50 GB простор за backup
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
A1 Cyber
Backup
100GB
490 ден./ месечно
100 GB простор за backup
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
A1 Cyber
Backup
500GB
1.990 ден./ месечно
500 GB простор за backup
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
A1 Cyber
Backup
1000GB
3.490 ден./ месечно
1000 GB простор за backup
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
A1 Cyber
Backup
5000GB
15.990ден./ месечно
5000 GB простор за backup
Неограничен број на уреди
Неограничен број на корисници
A1 Cyber
Backup
Flex
Лиценцирање според број
и тип на уреди
Флексибилна големина
на просторот за backup
Индивидуално решение според
потребите на корисникот

 

 

Backup и restore во секое време

  • Backup за сите видови уреди, (PC и лаптопи), сервери и виртуелни машини
  • Backup на датотеки(file level backup)
  • Backup на ниво на оперативен систем (image backup)
  • Backup на сите често користени бизнис апликации

Заштита на податоци

  • Проверка на слаби лозинки на секој уред со инсталиран агент
  • Скенирање на безбедносни пропусти и нотификации доколку се пронајдени
  • Вградена заштита од ransomware базирана на вештачка интелигенција
  • Заштита од вируси и malware во реално време

Алатки за управување

  • Групно управување со уредите и можност за забрана за користење на USB портови, принтери, Bluetooth, итн.
  • Далечински пристап и поддршка
  • Информации за хардверски инвентар
  • Извештаи, нотификации и препораки на дневна основа

Напредни лиценци

Надградете ја вашата заштита со напредни пакети кои ќе ви обезбедат дополнителни функционалности, напредна заштита од напади, и напредно управување со безбедносните функции.

Advanced Backup

  • Microsoft SQL Server & Exchange кластери
  • Oracle & SAP S4HANA бази на податоци
  • Континуирана заштита на податоците
  • Мапирање на заштитата на податоците

Advanced Security

  • Антивирус: локална детекција на вируси
  • Antimalware и web заштита
  • Управување со Microsoft Security Essentials и Windows Defender Antivirus
  • URL filtering, forensic backup, exploit prevention

Advanced Management

  • Управување со софтверските ажурирања интегрирано со backup-от
  • Контрола на состојбата на хард дисковите
  • Инвентар на софтверски продукти (на Windows и MacOS оперативни системи)

Вашите податоци се заштитени во секое време

Енкриптирање на податоците и заштита со лозинка

При креирање на backup копиите се користат AES-256 алгоритми за енкрипција и SSL-eнкриптирани канали.

A1 професионални дата центри

Резервните копии (backup) на податоците се чуваат во A1 дата центрите кои се дизајнирани како Tier III и имаат бројни сертификати, вклучувајќи ISO 27001, ISO 20000 и ISO 9001.

Брзо и едноставно враќање на податоците

Враќање (restore) инстантно од кој било уред

Доколку има потреба или инцидент, системот може многу брзо да се врати на било кој хардвер или околина, без неочекувани проблеми со компатибилност.

Верификација на конзистентост на податоците

Начинот на кој се врши backup на податоците обезбедува континуирана проверка на конзистентост на податоците и овозможува комплетна конзистентост и автентичност дури и да настане прекин на напојување за време на однапред закажаните backup операции.

Backup на Microsoft 365

Обезбедете дополнителна безбедност на Вашите податоци и информации зачувани во Вашите Microsoft продукти

Вашите податоци ќе бидат безбедни дури и ако:

  • некој ги избрише намерно или случајно
  • бидат изгубени поради malware
  • податоците се корумпирани или нечитливи
  • настанат проблеми со синхронизација

Согледајте ги можните ризици навреме
и заштитете се од хакерски напади

Во денешно време компаниите се соочуваат со зголемени предизвици, пред сè во областа на безбедноста на информациите. Така, на пример, еден хакерски напад се случува на секои 39 секунди, односно одреден информациски систем е изложен на ризик приближно 2.244 пати на ден. Откривањето на слабостите на системот е секако еден од најдобрите начини да се дејствува пред да се случи потенцијален напад врз инфраструктурата на компанијата.

Услугата Offensity е наменета токму за тоа!

Offensity Security Monitoring претставува автоматизирано решение за откривање потенцијални слабости и слабости во инфраструктурата и му дава можност на корисникот да ја види целосната слика за ранливоста на целата ИТ-околина што напаѓачот (хакер) би можел да ја искористи за планирање и за спроведување хакерски напад.

Услугата Ви овозможува:

  • Целосно автоматизирано скенирање, без потреба од локална инсталација
  • Скенирање на ризиците достапни преку интернет за дадениот домен
  • Континуирано скенирање на инфраструктурата, постојани проверки за нови ранливости што се појавуваат
  • Прегледни извештаи за сите откриени ранливости, класифицирани според нивото на ризик
  • Конкретна препорака како да се намалат откриените ранливости

Offensity редовно ја скенира Вашата јавна интернет-инфраструктура и ги детектира и дава извештаи за сите идентификувани ризици, и вклучува скенирање на ранливоста на мрежата и на веб-апликациите, безбедност на ДНС (Domain Name System), протекување податоци, проверка доколку системите се појавуваат на црните списоци и друго.

Покрај тоа, Offensity исто така мониторира податоци од безбедносен карактер (е-мејл, кориснички имиња, лозинки и сл.) кои се поврзани со Вашите домени, а се достапни на интернет.

Услугата Ви дава извештаи за идентификуваните ризици, нивна класификација според нивото на ризикот (од нискоризични до критични), и исто така дава потребни информации за да бидат ризиците отстранети, меѓутоа услугата самата не ги отстранува идентификуваните ризици и ранливости. Ваша одговорност е да ги прегледате идентификуваните ранливости и да ги отстраните.

Искусете ги предностите на Offensity на тест dashboard:

Интерактивно демо

Пакети и цени

  Offensity Professional Offensity Professional 1-год Offensity Starter Offensity Starter 1-год Offensity Enterprise
Месечна претплата
(ден. без ДДВ)
24.000,00 18.000,00 2.990,00 2.390,00 Индивидуална понуда во зависност од потребите на корисникот (за >100 поддомени)
Месечна претплата
(ден. со ДДВ)
28.320,00 21.240,00 3.528,00 2.820,00
Број на кориснички профили 5 5 1 1
Број на интернет-домени 5 5 2 2
Број на поддомени 100 100 20 20
Проверка на Data leaks да да не не
API пристап да да не не
Времетраење на договорната обврска - 12 месеци* - 12 месеци*
*доколку корисникот не побара деактивација на услугата, по истекот на периодот на договорната обврска, договорот автоматски се обновува на нови 12 месеци

Базата на Offensity со информации за познати интернет безбедносни пропусти и ранливости се ажурира постојано како што се појавуваат нови ранливости, меѓутоа и покрај тоа не може да се гарантира дека Offensity може да ги препознае сите нови и постојни ранливости или, пак, дека корисникот не може да стане цел на хакерски напад и покрај тоа што ги има отстрането ранливостите препознаени од Offensity.

Услугата Offensity е обезбедена од компанијата А1 Дигитал, која е член на А1 Телеком Австрија Групацијата. Со активација на услугата Offensity, корисникот дополнително влегува во договорен однос и со А1 Дигитал, при што корисникот е должен да се придржува до Условите за користење на услугата Offensity, кои се достапни на интернет-страницата на А1 Дигитал.

A1 Endpoint Protect
Услуга за заштита на Вашите крајните уреди

Со услугата A1 Endpoint Protect, може да ги заштитите вашите крајни уреди (endpoints) од сајбер напади. Оваа услуга вклучува препознавање на напади, нивно спречување или ограничување, и Ви овозможува анализа на случени напади со користење на алатките вклучени во услугата.

Со оглед на тоа што најголемиот број на сајбер напади започуваат од крајните уреди на корисниците, напредна заштита на крајните уреди е клучен елемент во модерната сајбер заштита на секоја организација.

А1 Endpoint Protect ви овозможува понапредна и интегрирана заштита од сајбер напади, со поефикасно препознавање на истите.

Услугата Ви овозможува:

  • Десктоп апликација за заштита на крајниот уред
  • Заштита од напади со помош на Вештачка Интелигенција (AI)
  • Спречување на напади без датотеки
  • Изолација (карантирање) на одредени уред од мрежаc
  • Автономна реакција на закани (отстранување/изолирање) (Win,Mac,Linux)
  • Автономна ремедијација (спречување или санација) на штетата (Win,Mac)
  • Автономно враќање назад (roll-back) на оперативен систем (Win)
  • Откривање на недоверливи уреди
  • Управување со firewall
  • Скенирање на слабости на инсталирани апликации

А1 Endpoint Protect ви овозможува понапредна и интегрирана заштита од сајбер напади, со поефикасно препознавање на истите.

A1 Endpoint Protect вклучува лиценци за безбедносните софтверски продукти од SentinelOne, еден од водечките производители на софтвер за endpoint заштита во светот, базирани на SaaS платформата на SentinelOne - Singularity Platform. Потребните ресурси за користење на услугата и софтверот на произведителот (System requirements) се наведени на интернет страницата на SentinelOne.

дел од нашите клиенти