Корисничка поддршка

Имам потешкотија со звук или со боја на телевизијата

SAGEM STB ресивер (бел)

Доколку имате проблем со звукот на телевизиските канали проверете дали скарт кабелот е добро вметнат во TV излезот на ресиверот. Пожелно е да го извадите и одново да го поврзете скарт кабелот на двете места- и на дигиталниот ресивер и во Вашиот телевизор.

Доколку потешкотијата опстојува и понатаму, Ве молиме извадате го скарт кабелот од постоечкиот излез на дигиталниот приемник и вметнете го во другиот излез (AUX) на ресиверот. На овој начин сите команди за корекција на звукот (намалување и појачување) ќе биде потребно да ги правите преку далечинскиот управувач од Вашиот телевизор.

На истиот начин постапете во случај на проблем со бојата на прием на ТВ каналите. Односно, извадете го и вметнете го одново Вашиот скарт кабел на двете места- и во излезот на дигиталниот ресивер и во излезот од Вашиот телевизор. Доколку потешкотијата опстојува, Ве молиме набавете друг скарт кабел и обидете се со новиот.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања