Упатство за активација на опцијата “Отворен Балкан“
за користење на M-TАG уредот во Србија
За да можете да го користите Вашиот M-TAG уред на патарините во Србија, потребно е претходно Вашиот M-TAG уред да биде регистриран на порталот A1.enp.mk, а потоа да ја активирате опцијата “Отворен Балкан” следејќи ги следните чекори.
Чекор 1
Најавете се на порталот A1.enp.mk со истите кориснички податоци со кои претходно сте регистрирани, а потоа во делот „Мои ТАГ уреди“ одберете ја опцијата „Барање за Отворен Балкан“.

Чекор 2
Ќе се отвори нов прозорец со Вашите податоци. Доколку податоците се точни, кликнете „Продолжи“ за да се генерира линк за страницата “Отворен Балкан“. Доколку Вашите не се прикажани или се неточни, Ве молиме внесете ги Вашите точни податоци.

Чекор 3
Почекајте додека се генерира линкот.

Чекор 4
Кликнете на копчето “Продолжи кон Open Balkan”, што ќе Ве пренасочи кон страницата за Отворен Балкан – Србија.

Чекор 5
Со кликање на линкот ќе бидете пренасочени на Вашиот профил на страницата на “Open Balkan – Serbia”, каде се пополнети Вашите податоци. Ве молиме проверете дали Вашите податоци се точни. Доколку се неточни или непополнети, Ве молиме внесете ги Вашите точни информации.

Чекор 6
Во страничното мени изберете ја опцијата „Tag uređaji“. Вашиот M-TAG уред ќе биде прикажан како неактивен и ќе има статус „Srbija: Ne postoji“, сè додека не додадете платежна картичка во следниот чекор.

Чекор 7
За да го активирате уредот, од странично мени изберете „Platne kartice“, кликнете на “Dodajte karticu“ и поврзете ја Вашата платежна картичка со Вашиот M-TAG уред. Можете да ја поврзете истата картичка што ја користите на порталот за електронска наплата на патарина (a1.enp.mk) или друга валидна платежна картичка.
По завршување на овој чекор, Вашиот M-TAG уред ќе биде активен и функционален за користење во Србија


