За да можете да користите мобилен интернет, потребно е да се направат приспособувања на Вашиот мобилен уред што зависат од оперативниот систем.
Доколку користите Android оперативен систем, можете да дојдете до соодветните приспособувања со праќање SMS-порака, со текст „Sett“ на бројот 1445, или, пак, рачно на следниов начин:
Одберете Settings - Connections - Mobile Networks - Access Point Names.
Притиснете на Add во горниот десен агол.
Во полињата Name, APN, Username и Password се впишува internet.
Другите полиња не е потребно да ги нагодувате, односно потребно е да останат празни.
Во горниот десен агол, притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата „Save“, со што нагодувањата ќе бидат зачувани и ќе бидете вратени во полето APNs.
Доколку користите iOS оперативен систем, рачните нагодувања се следни:
Одберете Settings - Mobile Data - Mobile Data Network - Access Point Names.
Во полињата APN, Username и Password се впишува internet.
Нагодувањата ќе бидат зачувани откако горе лево ќе се вратите во Mobile Data.
Доколку сакате да користите и опција Hotspot, во тој случај пополнете ги и полињата во субменито „Personal Hotspot“.
Апликациите што се инсталирани на телефонот, нивното користење и ажурирање, го трошат вклучениот интернет.
Опцијата „Data usage“ овозможува кај секој модел на телефон да се провери кои од апликациите што ги користите трошат најмногу интернет.
Во случај да користите WiFi конекција, при слаб сигнал на WiFi конекцијaта, интернет-сообраќајот ќе се префрли преку Mobile Data и ќе се наплатува соодветно тарифниот модел, па затоа е секогаш добро при користење WiFi да се исклучи Mobile Data на самиот телефон.
Советуваме опцијата за Tethering (mobile data sharing, hotspot) да биде исклучена доколку не се користи.
Препорака е исто така секогаш да го исклучите автоматското ажурирање на оперативниот систем на телефонот сè додека не се поврзете на WiFi.
Пристапете во опциите на пораки и направете проверка на MESSAGE CENTER NUMBER, потребно е да биде внесен бројот +38977000301.
Доколку користите оперативен систем Android и доколку веќе е запишан горенаведениот број, потребно е да го избришете и повторно да го напишете, а потоа да направите повик кон кодот #35*0000*16# и да го рестартирате мобилниот телефон.
Доколку сте корисник на оперативен систем iOS, Ве молиме направете повик кон кодот *#5005*7672#0038977000301# и рестартирајте го мобилниот телефон.
И по направените проверки ако сè уште не добивате/не може да испратите СМС-пораки, Ве молиме известете нè на нашата имејл адреса: kontakt@a1.mk