Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Брзината и стабилноста на интернет-конекцијата се гарантира исклучиво преку кабел, додека преку WiFi, таа не се гарантира (нашите уреди имаат зрачење максимум од 3 до 5 метри), доколку сакате поголем домет потребно е да ставите Ваш дополнителен рутер.
Ве молиме тестирајте ја брзината преку кабел и доколку има отстапки од вредностите пропишани според Вашиот договор, пишете ни податоци од мерењето направени преку страницата www.speedtest.net на kontakt@A1.mk.
Брзината и стабилноста на интернет-конекцијата се гарантира исклучиво преку кабел, додека преку WiFi, таа не се гарантира (нашите уреди имаат зрачење максимум од 3 до 5 метри).
Доколку сакате поголем домет, потребно е да ставите Ваш дополнителен рутер.
Ве молиме тестирајте ја брзината преку кабел и доколку има отстапки од вредностите пропишани според Вашиот договор, пишете ни податоци од мерењето направени преку страницата www.speedtest.net на нашата имејл-адреса kontakt@A1.mk.
Потребно е да проверите дали е вклучена опцијата за WiFi на Вашиот модем/рутер - дали свети сијаличката за Wireless.
Доколку користите кабелски модем/рутер Techicolor, притиснете на копчето што се наоѓа на десната страна од модемот.
Доколку користите Combo Box уред, направете рестарт на уредот преку копчето „Reset“ со игла. Копчето се наоѓа на горната страна од рутерот.
Погледнете ги видеата каде што детално е опишан начинот за промена на Вашата WiFi лозинка според модемот/рутерот што го користите:
ComboBox ZTE MF283+
ComboBox ZTE MF283V
ComboBox ZTE MF283U
ComboBox ZTE MF286R
ComboBox ZTE MF296R
ComboBox Ping L3630-W3
ComboBox Huawei 315B
Модемот овозможува пристап до интернет преку линијата/мрежата на интернет‑провајдерот.
Кај DOCSIS (кабелско поврзување) и FTTH (оптичко поврзување) уредот има вграден рутер и Wi‑Fi модул за безжично поврзување во домот. За повеќе жичани уреди користете ги LAN портите или додадете свој рутер/свич.
Не, вообичаено не се потребни дополнителни подесувања.
Проверете: На вашиот рутер поставете тип на конекција: DHCP.
Поврзете го рутерот со мрежен кабел на модемот/ONT уредот.
Рестартирајте го модемот/ONT уредот (исклучете од струја и повторно вклучете).
Сите наши модеми вообичаено имаат 4 физички LAN порти (максимум 4 жичани уреди директно). Ако користите и интерактивна ТВ, дел од портите може да бидат зафатени од ресивери, па типично остануваат 2–3 слободни порти за интернет (во зависност од бројот на ресивери).
Доколку ви требаат повеќе жичани приклучоци, поврзете свич или дополнителен рутер на една LAN порта.
Приближна пресметка: Mbps ÷ 8 = MB/s.
Пример: 50 Mbps ÷ 8 ≈ 6,25 MB/s. Фајл од 4 GB (≈ 4000 MB) се симнува за 4000 ÷ 6,25 ≈ 640 секунди, односно околу 11 минути (во идеални услови).
Стандардно, IP адресите се динамични (се менуваат). Ако ви треба фиксна IP адреса, потребно е да поднесете барање во продажен салон. За фиксна IP адреса се доплаќа 299 денари месечно.
Зависи од тоа што прават уредите. Типично 4–5 уреди (сурфање, YouTube) можат да работат без проблем и на помал пакет (пример 15 Mbps). Со поголеми брзини (пример 100 Mbps и повеќе) може да работат и повеќе уреди.
Брзините зависат од избраниот пакет. Пример за максимални брзини (зависно од понудата):
DOCSIS (кабел): до 300/20 Mbps (download/upload)
FTTH (оптика): до 300/300 Mbps (download/upload)
Проверете дали е вклучен Wi‑Fi (дали свети индикаторот Wireless/Wi‑Fi) и вклучете го со соодветното копче на уредот:
Technicolor (DOCSIS): копче од десната страна на модемот.
Ubee (DOCSIS): копче WPS на предната страна.
Huawei (FTTH): копче WLAN од десната страна.
ZTE (FTTH): копче WiFi од десната страна.
Ако Wi‑Fi е вклучен, а и понатаму не работи, рестартирајте го уредот (исклучете од струја и повторно вклучете).

