Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
SAGEM STB ресивер (бел)
Оваа порака се појавува кога картичката е погрешно вметната во дигиталниот ресивер. Потребно е картичката да биде вметната во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа ќе треба да го рестартирате дигиталниот ресивер, со исклучување и вклучување од струја.
Доколку на овој начин не успеете да ја средите потешкотијата, неопходно е да направите фабричко ресетирање на дигиталниот ресивер. Постапката за фабричко ресетирање на уредот е следна:
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, потоа одберете „Нагодување“, потоа одберете „Технички нагодувања“, внесете го Вашиот пин (основниот пин-код е 1234), потоа притиснете на „систем“ и одберете „фабричко ресетирање“. На овој начин уредот ќе го започне фабричкото ресетирање, со што сите поставки ќе бидат вратени како на почеток. Почекајте да заврши процесот на фабричко ресетирање и да се вклучи Вашиот уред.
STRONG STB ресивер (црн)
Оваа порака се појавува кога картичката е погрешно вметната во дигиталниот ресивер. Потребно е картичката да биде вметната во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа ќе треба да го рестартирате дигиталниот ресивер, со исклучување и вклучување од струја.
CA Module
Потребно е да се направи проверка дали картичката е правилно вметната во телевизорот. Картичката треба да е поставена со чипот нанадвор и чипот прв да влегува во телевизорот.
SAGEM STB ресивер (бел)
Доколку користите бел ресивер - Sagem, потребно е картичката да ја вметнете во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа ќе треба да го рестартирате дигиталниот ресивер, со исклучување и вклучување од струја.
STRONG STB ресивер (црн)
Доколку користите црн ресивер - Strong, потребно е картичката да ја вметнете во ресиверот со чипот свртен нагоре. Проверете дали е правилно вметната картичката, извадете ја и вратете ја картичката повторно во ресиверот. Веднаш потоа ќе треба да го рестартирате дигиталниот ресивер, со исклучување и вклучување од струја.
Доколку на овој начин не успеете да ја средите потешкотијата, неопходно ќе биде да направите фабричко ресетирање на уредот. Постапката за фабричко ресетирање е следна:
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, потоа одберете – „Прилагодување“ потоа полето „Фабрички ресет“ и одберете „ОК“. На овој начин уредот ќе го започне фабричкото ресетирање, со што сите поставки ќе бидат вратени како на почеток. Почекајте да заврши процесот на фабричко ресетирање и да се вклучи Вашиот уред.
KAON 1701D DVB-T (црн)
Пораката „Вметнете ја програмската картичка“ може да се појави кога програмската картичка не е вметната во ресиверот, или е вметната погрешно. Слотот за картичката се наоѓа од десната страна (гледано однапред) и картичката се вметнува со чипот свртен кон долу (кон подот).
Погледнете го видеото каде што детално е опишан начинот на прескенирање на каналите според Вашиот ресивер:
Пинот за пристап во мени на Gospel ресивер при фабричко ресетирање и пребарување канали е 0000 или 000000.
Погледнете ги видеата каде што детално е опишан начинот на прескенирање на каналите според Вашиот ресивер:
STRONG SRT8420: https://www.youtube.com/watch?v=lb1OL7mpsqw
KAON 1701D: https://www.youtube.com/watch?v=9k3Ll7jbUyo
SAGEM STB ресивер (бел)
Прескенирање на каналите се прави на следниов начин:
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Нагодување“. Одберете „Технички нагодувања“, а потоа притиснете на „Пребарување канали“ и одберете „ОК“ на „Започни пребарување“.
На овој начин ќе започне процесот на пребарување на каналите. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени. Веднаш потоа притиснете двапати на копчето „ОК“.
SAGEM STB ресивер (бел)
Доколку користите бел ресивер - Sagem, потребно е картичката да ја вметнете во ресиверот со чипот свртен нагоре. Веднаш потоа ќе треба да го рестартирате дигиталниот ресивер, со исклучување и вклучување од струја.
STRONG STB ресивер (црн)
Доколку користите црн ресивер - Strong, потребно е картичката да ја вметнете во ресиверот со чипот свртен нагоре. Проверете дали е правилно вметната картичката, извадете ја и вратете ја картичката повторно во ресиверот. Веднаш потоа ќе треба да го рестартирате дигиталниот ресивер, со исклучување и вклучување од струја.
Доколку на овој начин не успеете да ја средите потешкотијата, неопходно ќе биде да направите фабричко ресетирање на уредот. Постапката за фабричко ресетирање е следна:
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, потоа одберете – „Прилагодување“, потоа полето „Фабрички ресет“ и одберете „ОК“. На овој начин уредот ќе го започне фабричкото ресетирање, со што сите поставки ќе бидат вратени како на почеток. Почекајте да заврши процесот на фабричко ресетирање и да се вклучи Вашиот уред.
KAON 1701D DVB-T (црн)
Пораката „Вметнете ја програмската картичка“ може да се појави кога програмската картичка не е вметната во ресиверот, или е погрешно вметната. Слотот за картичката се наоѓа од десната страна (гледано однапред) и картичката се вметнува со чипот свртен кон долу (кон под).
SAGEM STB ресивер (бел)
Прескенирање на каналите се прави на следниов начин:
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Нагодување“. Одберете „Технички нагодувања“ а потоа притиснете на „Пребарување канали“ и одберете „ОК“ на „Започни пребарување“.
На овој начин ќе започне процесот на пребарување на каналите. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени. Веднаш потоа притиснете двапати на копчето „ОК“.
STRONG STB ресивер (црн)
Пребарување канали се прави на следниов начин:
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Канали“, и кликнете на опцијата „Пребарување“ и „ОК“. На овој начин ќе започне процесот на пребарување на каналите. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени.
Погледнете го видеото каде што детално е опишан начинот на Прескенирање на каналите и фабрички поставки кај DVB-T ресиверот STRONG SRT8420: https://www.youtube.com/watch?v=lb1OL7mpsqw
KAON 1701D DVB-T (црн)
Одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, а потоа одберете „Конфигурација”. Притиснете на „Инсталација на каналот“, одберете „ОК“ и внесете го пин-кодот 1234 (ова е иницијалниот пин-код). Веднаш потоа одберете „Автонагодување на екранот” и „ОК“ за да започне пребарувањето. Почекајте да заврши овој процес при што ќе добиете информација колку канали се пронајдени. Веднаш потоа одберете „ОК“ на опцијата „Зачувај”.
Погледнете го видеото каде детално е опишан начинот на „Прескенирање на каналите и фабрички поставки“ кај DVB-T рeсиверот KAON 1701D: https://www.youtube.com/watch?v=9k3Ll7jbUyo
На следното видео можете да погледнете како да гледате телевизија со CAM модулите за DVB-T и DVB-C технологија:
Превод можете да нагодите преку копчето subt (subtitle) на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер.
SAGEM STB ресивер (бел)
Нивото на прием на сигнал се проверува преку дигиталниот ресивер.
Одберете „Мени“, потоа притиснете на „Нагодувања“, изберете „Технички нагодувања“ и внесете го пин-кодот (0000 или 1234 - како фабрички) и одберете „Сигнал“.
Застанете на вредноста S/N, параметарот за вредност треба да биде од 24 до 27. Доколку Ви појавува помала вредност, поместете ја антената со тоа што вредноста би се зголемила до саканата вредност.
Потоа застанете на втората опција BER. Вредноста треба да биде од 0 до 100, но може да варира до 2000. Ако оваа вредност е поголема, ќе имате потешкотија со приемот на сигнал. Ова може да го решите со придвижување на Вашата надворешна антена.
Следните полиња се јачина на сигнал и квалитет на сигнал кои оптимално треба да се со вредност 100.
STRONG STB ресивер (црн)
За проверка на сигналот на STRONG ресиверот, одберете одреден ТВ-канал и притиснете двапати на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер на копчето „i“ кое ќе Ви отвори поле за S/N кој треба да се движи во вредност од 24 до 27, додека вредноста на BER треба да се движи до 100.
Доколку овие параметри Ви се повисоки, тогаш Ве советуваме да ја поместите Вашата надворешна антена додека дојдете до соодветната вредност.
KAON 1701D DVB-T (црн)
За проверка на сигналот на KAON ресиверот, одберете „Мени“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, притиснете „Конфигурација“, а потоа одберете „Информации за системот“. Притиснете „Дијагностика“ и изберете „Статус на каналот“.
Тука се наоѓаат две опции што го покажуваат сигналот:
- ниво на сигнал
- квалитет на сигнал
Потребно е овие две опции да се исполнат во целост за најдобар прием на сигналот. Колку помалку е исполнета линијата од соодветниот параметар, толку е поголема веројатноста да имате потешкотија со прием на сигнал. Во тој случај Ве молиме поместете ја Вашата надворешна антена за да добиете подобар прием на сигналот.
За квалитетен прием на сигналот задолжително треба да поврзете надворешна антена насочена кон најблискиот ТВ-предавател.
Ќе биде потребно преку далечинскиот управувач на Вашиот телевизор да притиснете на копчето TV/AV, input или source и да префрлите на соодветниот излез (HDMI, SCART, AV) во зависност од тоа на кој излез е приклучен Вашиот ТВ-ресивер.
Доколку имате проблем со звукот на телевизиските канали, проверете дали скарт-кабелот е добро вметнат во ТВ-излезот на ресиверот. Пожелно е да го извадите и одново да го поврзете скарт-кабелот на двете места - и на дигиталниот ресивер и во Вашиот телевизор.
Доколку и понатаму имате проблем со звукот, Ве молиме извадете го скарт-кабелот од постојниот излез на дигиталниот приемник и вметнете го во другиот излез (AUX) на ресиверот. Доколку го поврзете на овој начин, сите команди за корекција на звукот (намалување и засилување) ќе биде потребно да ги правите преку далечинскиот управувач од Вашиот телевизор.
На истиот начин постапете во случај на проблем со бојата на прием на ТВ-каналите. Односно, извадете го Вашиот скарт-кабел и вметнете го одново на двете места - и во излезот на дигиталниот ресивер и во излезот од Вашиот телевизор. Доколку и понатаму го имате истиот проблем, Ве молиме набавете друг скарт-кабел и обидете се со новиот.

