Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Листата на оператори за припејд и постпејд корисници можете да ја проверите тука.
Во зависност од тоа во која земја ќе патувате имаме златни партнери кои се мобилни оператори во странство преку кои можете најповолно да разговарате додека ја користите нивната мрежа и сребрени партнери кои се останатите оператори во тие земји.
Ова е бројот на А1 SMS-центарот. Кога се наоѓате во странство и праќате SMS-порака кон кој било број, на сметката се прикажува бројот од SMS-центарот за корисници на А1. Цената на пратената порака се наплатува во согласност со дефинираните цени за SMS-пораки во роаминг за конкретниот роаминг партнер.
Доколку Ве бараат додека сте во роаминг, активирајте ја специјалната роаминг опција и добијте една цена од 29 ден. за сите дојдовни повици од Европа, независно од должината на повикот, 29 ден. за минута појдовен повик и 29 ден. за воспоставување повик. Специјалната роаминг опција може да ја активирате со SMS-порака со текст START ROAM на 140 777.
Понудата е достапна за сите A1 Постпејд корисници. Активирањето на специјалната роаминг опција е бесплатно и ќе остане активна сè додека не ја деактивирате.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк.
На следниов линк може да ги прегледате тарифите на роаминг зоните и роаминг партнерите:
За најповолни цени за разговори, активирајте некој од достапните пакети или опции за разговори - A1 Roam Talk (достапна само за постпејд и бизнис корисници).
Преку услугата повици со USSD-код, разговарајте со најблиските и пријателите кога патувате во роаминг само за 55 ден./минута.
Откако ќе го внесете бројот во дадениот формат *123*3897ХХXXXXX#, ќе добиете повратна SMS-нотификација дека повикот ќе биде воспоставен.
За кратко време ќе заѕвони Вашиот телефон и на екранот ќе го пишува Вашиот број.
Одговорете и почекајте сè додека повикуваниот корисник не одговори на повикот. Интервалот на тарифирање започнува од моментот кога двете страни одговараат на повикот.
Целиот реализиран сообраќај преку Viber и FB Messenger се наплатува по цена на сообраќај за интернет. Што значи, доколку овој сообраќај го правите додека сте на WiFi, тој нема да биде наплатен дополнително, но доколку го користите мобилниот интернет, тогаш наплатата е во согласност со цените за мобилен интернет на роаминг партнерот на кој сте конектирани во моментот.
Роаминг услугата „Повици со USSD-код“ Ви овозможува повици кон дома додека престојувате во странство. За користење на услугата, прво внесете го кодот *123*, а во продолжение го внесувате бројот што го повикувате со соодветниот префикс (3897XXXXXXX) и на крајот внесете #.
Пример за повик кон:
мобилен број: *123*38975ХХХХХХ#;
мобилен број: *123*38977ХХХХХХ#;
фиксен број во Скопје: *123*3892XXХXХХХ#
Откако ќе го направите повикот, тој ќе биде прекинат, а потоа ќе добиете USSD-известување дека повикот се воспоставува. Следува повратен повик на кој треба да одговорите и да почекате додека другата страна не одговори. Повикот се наплатува од моментот на воспоставување на врската помеѓу двете страни. Нема месечна претплата за користење на услугата „Повици со USSD-код“. Цените важат само за операторите што овозможуваат повици со USSD-код.
Кога користите роаминг, примените SMS-пораки се бесплатни (доколку не се однесуваат на некоја дополнителна услуга за која се наплаќаат дојдовни пораки – кои давателот на услуга ги наплаќа без разлика дали се наоѓате во Македонија или во странство).
Вклучете и исклучете авионски режим, исклучете мобилни податоци и роаминг интернет. Исклучете го уредот и извадете ја СИМ-картичката и повторно вклучете го уредот. Мрежниот режим поставете го на 2G/3G/4G и потоа рачно пребарајте ја мрежата.
Тестирајте и со СИМ-картичката во друг мобилен уред дали ќе биде исто.
Доколку по овие проверки не успеете да се поврзете на мрежата, јавете се во Контакт центарот на бројот +389771234 или пишете ни имејл на: kontakt@A1.mk.
Забрана за целосно користење роаминг, бесплатно може да активирате на следниве начини:
- со праќање СМС-порака со текст STOP ROAMING на 140353;
- A1 Guru Славчо;
- преку апликацијата „Мојот А1“ во полето „Пакети“ -> „Забрани“ ; или
- преку говорниот автомат со повик на 0771234 и следење на чекорите.
Активација на забрана за користење интернет во роаминг можете да активирате и преку повик во Контакт центарот на А1 на бројот 0771234 или во продажен салон на А1. Услугата се наплатува 90 денари еднократно со вклучен ДДВ.

