Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
Листата на оператори за припејд и постпејд корисници можете да ја проверите тука.
Во зависност од тоа во која земја ќе патувате, имаме златни партнери кои се мобилни оператори во странство преку кои можете најповолно да разговарате додека ја користите нивната мрежа и сребрени партнери кои се останатите оператори во тие земји.
За да можете да користите мобилен интернет во странство, потребно е да се направат приспособувања на Вашиот мобилен уред што зависат од оперативниот систем.
Доколку имате телефон со Android оперативен систем, потребно е да ги направите следните нагодувања:
- Одберете Settings - Connections - Mobile Networks - Access Point Names.
- Притиснете на Add во горниот десен агол.
- Во полињата Name, APN, Username и Password се впишува internet.
- Другите полиња не е потребно да ги нагодувате, односно потребно е да останат празни.
- Во горниот десен агол, притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата Save, со што нагодувањата ќе бидат зачувани и ќе бидете вратени во полето APNs.
Доколку користите iOS оперативен систем, рачните нагодувања се следни:
- Одберете Settings - Mobile Data - Mobile Data Network - Access Point Names.
- Во полињата APN, Username и Password се впишува internet.
- Нагодувањата ќе бидат зачувани откако горе лево ќе се вратите во Mobile Data.
Дополнително, проверете во телефонот дали опцијата „Data Roaming“ е вклучена (enabled).
Направете дополнителна проверка преку апликацијата „Мојот А1“ дали на Вашиот број имате поставено забрана за роаминг или забрана за интернет во роаминг.
Да, ќе се наплати во согласност со роаминг цените во земјата во којашто престојувате. На следниот линк е листата на држави и оператори.
Од 1.7.2021 е направена промена во роаминг режимот – RLAH (Roam Like At Home), при која во роаминг се применуваат исти услови како во рамките на домашната мрежа. RLAH се применува помеѓу државите на „Западен Балкан“ (WB6) и ги вклучува следните држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
За целосна заштита од трошоци, можете да активирате пакет за мобилен интернет во роаминг, со кој ќе имате целосна заштита од несакани трошоци. Дополнително, доколку не сакате да користите мобилен интернет во роаминг, можете да активирате „Забрана за користење интернет во роаминг“ преку мобилната апликација „Мојот А1“.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Целиот реализиран сообраќај преку Viber и FB Messenger се наплатува по цена на сообраќај за интернет. Што значи, доколку овој сообраќај го правите додека сте на WiFi, тој нема да биде наплатен дополнително, но доколку го користите мобилниот интернет, тогаш наплатата е во согласност со цените за мобилен интернет на роаминг партнерот на кој сте конектирани во моментот.
Цените на интернет-сообраќајот реализиран во странство се дефинирани и можете да ги погледнете на следниот линк.
За целосна контрола врз трошоците во роаминг, можете да активирате пакет за мобилен интернет во роаминг. Дополнително, доколку не сакате да користите мобилен интернет во роаминг, можете да активирате „Забрана за користење интернет во роаминг“ преку мобилната апликација „Мојот А1“.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Роаминг интернет е основна опција што е активна/вклучена при активирање на претплатничкиот број. Бесплатна активација и деактивација на услугата „Интернет во роаминг“, се прави преку апликацијата „Мојот А1“. За целосна контрола врз трошоците во роаминг, можете да активирате пакет за мобилен интернет во роаминг.
При добиено известување за достигнат износ од 1.000 МКД со ДДВ за интернет реализиран во роаминг, без вклучени попусти и прекинат пристап до услугата интернет во роаминг, доколку не користите пакет за интернет во роаминг значи дека користењето на услугата интернет во роаминг се наплатувала по редовни цени според операторот на земјата во која сте биле поврзани. Доколку одговорите на пораката со текст START ROAMING на бројот 140999, се согласувате да продолжите да ја користите услугата интернет во роаминг по редовни цени.
При добиено известување за достигнат износ од 1.000 МКД со ДДВ за интернет реализиран во роаминг, без вклучени попусти и прекинат пристап до услугата интернет во роаминг, доколку користите пакет за интернет во роаминг нагодете го Вашиот уред на рачно избирање на мрежа, одберете го операторот на кој важи активираниот пакет, потоа одговорете со текст START INTERNET на бројот 140362 за да продолжите да ја користите услугата интернет во роаминг.
Забрана за користење интернет во роаминг бесплатно може да активирате на следниве начини:
- со праќање СМС-порака со текст STOP INTERNET на 140050;
- A1 Guru Славчо;
- преку апликацијата „Мојот А1“ во полето „Пакети“ -> „Забрани“ ; или
- преку говорниот автомат со повик на 0771234 и следење на чекорите.
Активација на забрана за користење интернет во роаминг можете да активирате и преку повик во Контакт центарот на А1 на бројот 0771234 или во продажен салон на А1. Услугата се наплатува 90 денари еднократно со вклучен ДДВ.

