Со воведената регулатива за роаминг во земјите од Западен Балкан, од 1.7.2021 година, корисниците на мобилни услуги на А1 можат да користат роаминг под посебни повластени услови, во согласност со спогодбата потпишана помеѓу земјите од Западен Балкан - WB6. Притоа, А1 Македонија на своите корисници целосно им ги овозможува договорените услови за користење роаминг во земјите од Западен Балкан – Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Повеќе информации во врска со користење на услугата роаминг во земјите од Западен Балкан можете да погледнете во следново видео:
Количината на мобилен интернет што Ви е на располагање во земјите од Западен Балкан, зависи од месечната претплата на тарифниот модел и пакетот што го користите.
На следниве линкови можете да го проверите достапниот волумен на мобилен интернет во рамките на земјите од Западен Балкан според:
За А1 Припејд корисниците дојдовен повик не се наплатува додека се наоѓаат во која било земја од Западен Балкан, а исто така и воспоставување повик не се наплатува.
Доколку сакате да користите интернет, појдовни повици или СМС-пораки, цените се следни:
Активирајте A1 Roam Surf Balkan пакет и сурфајте безгрижно во земјите од Западен Балкан - Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Пакетите се достапни за сите А1 Постпејд и А1 Припејд корисници и важат на сите мрежи.
Повеќе информации можете да добиете на следниов линк.