Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Погледнете ги нашите совети за користење интернет во роаминг, како и за активирање роаминг пакети преку „Мојот А1“, на следниов линк.
Брзината на интернетот зависи од мрежната покриеност од операторот на земјата во којашто престојувате, како и од мрежниот режим во Вашиот уред.
Проверка на Вашиот мрежен режим можете да направите во Вашиот телефон во полето „Settings“ – „Mobile Network“ – „Network mode/type“ и поставете го на 2G/3G/4G.
Роаминг услугата е основна опција, која е активирана/вклучена од страна на операторот, освен ако не е поинаку побарано. Роаминг услугите се исти како и оние што ги користите дома – разговори, мобилен интернет, SMS и MMS.
Дали е активна роаминг услугата може да се провери преку апликацијата „Мојот А1“ (мобилна апликација) во делот „Пакети“.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Роаминг интернет е основна опција што е активна/вклучена при активирање на претплатничкиот број.
Бесплатна активација и деактивација на услугата „Интернет во роаминг“, се прави преку апликацијата „Мојот А1“. За целосна контрола врз трошоците во роаминг, можете да активирате пакет за мобилен интернет во роаминг.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Вклучете и исклучете авионски режим, исклучете мобилни податоци и роаминг интернет. Исклучете го уредот и извадете ја СИМ-картичката и повторно вклучете го уредот. Мрежниот режим поставете го на 2G/3G/4G и потоа рачно пребарајте ја мрежата.
Тестирајте и со СИМ-картичката во друг мобилен уред дали ќе биде исто.
Доколку по овие проверки не успеете да се поврзете на мрежата, јавете се во Контакт центарот на бројот +389771234 или пишете ни имејл на: kontakt@A1.mk.
При добиено известување за достигнат износ од 1.000 МКД со ДДВ за интернет реализиран во роаминг, без вклучени попусти и прекинат пристап до услугата интернет во роаминг, доколку не користите пакет за интернет во роаминг значи дека користењето на услугата интернет во роаминг се наплатувала по редовни цени според операторот на земјата во која сте биле поврзани. Доколку одговорите на пораката со текст START ROAMING на бројот 140999, се согласувате да продолжите да ја користите услугата интернет во роаминг по редовни цени.
При добиено известување за достигнат износ од 1.000 МКД со ДДВ за интернет реализиран во роаминг, без вклучени попусти и прекинат пристап до услугата интернет во роаминг, доколку користите пакет за интернет во роаминг, нагодете го Вашиот уред на рачно избирање мрежа, одберете го операторот на кој важи активираниот пакет, потоа одговорете со текст START INTERNET на бројот 140362 за да продолжите да ја користите услугата интернет во роаминг.
Забрана за користење интернет во роаминг бесплатно може да активирате на следниве начини:
Активација на забрана за користење интернет во роаминг можете да активирате и преку повик во Контакт центарот на А1 на бројот 0771234 или во продажен салон на А1. Услугата се наплатува 90 денари еднократно со вклучен ДДВ.
Забрана за целосно користење роаминг бесплатно може да активирате на следниве начини:
Активација на забрана за користење интернет во роаминг можете да активирате и преку повик во Контакт центарот на А1 на бројот 0771234 или во продажен салон на А1. Услугата се наплатува 90 денари еднократно со вклучен ДДВ.
Платете ја Вашата сметка без најава на Мојот А1, само внесете го бројот на фактурата што сакате да ја платите.
Внесете ја сумата која што сакате да ја надополните. Ве молиме, внесувајте сума помеѓу 100 и 1000 денари.