Контакт форма
Ви благодариме. Вашето барање беше успешно испратено.
Корисничка поддршка
Најпопуларни прашања
„Мојот А1“ претставува дигитален канал, кој на корисниците на услугите на A1 им овозможува вршење проверка преку мобилен уред (телефон, таблет) или преку веб-платформата на:
- сопствените претплатнички податоци;
- реализиран сообраќај;
- преглед на А1 сметки;
- преглед на нефактурирани надоместоци за користени услуги од мобилната телефонија, фиксната телефонија и фиксните услуги; како и
- активирање и деактивирање одреден тип услуги за одредена претплатничка линија.
Преку самата апликација постпејд корисниците може да ги плаќаат своите сметки, додека припејд корисниците може да прават надополнување на кредит, од каде било, во кое било време.
Податоците достапни преку апликацијата се информативни и не претставуваат замена за регуларната месечна сметка што му се праќа на корисникот.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Погледнете го видеотуторијалот што ќе Ви помогне како да ја инсталирате мобилната апликација „Мојот А1“ и како да креирате кориснички профил:
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
На мобилната апликација „Мојот А1“ можете да се најавите на следниве начини:
- со корисничко име и лозинка;
- најава со имејл адреса;
- Брза најава (опцијата работи само доколку корисникот го има вклучено својот мобилен интернет, а Wi-Fi опцијата е изгасната); и
- најава со телефонски број и код.
На веб-апликацијата „Мојот А1“ можете да се најавите на следниве начини:
- со корисничко име и лозинка;
- најава со имејл адреса; и
- најава со телефонски број и код.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:
Доколку користите фиксни услуги, ќе можете да креирате корисничко име на мобилната апликација „Мојот A1“ со тоа што верификацијата ќе се направи преку мобилниот број за контакт што го имате оставено како податок во A1. Услов за регистрација е да имате валиден мобилен број за контакт.
Постапка за креирање корисничко име:
Изберете тип услуги што ги користите:
- мобилни и конвергентни (одберете го полето „Мобилни“, ако имате барем еден A1 мобилен претплатнички број); или
- фиксни услуги (изберете го ова поле, ако имате само фиксни услуги од A1).
Доколку изберете „Фиксни услуги“, внесувате фиксен број преку кој сакате да креирате корисничко име.
Во SMS-порака ќе добиете безбедносен код на Вашиот мобилен број што е заведен како број за контакт за конкретниот корисник. Доколку немате регистрирано валиден број за контакт, тогаш е потребно да се јавите во нашиот Контакт центар на 0771234 за да ги ажурирате Вашите податоци.
Откако ќе го внесете точниот безбедносен код, продолжувате кон следната страница на креирање корисничко име.
Доколку немате валиден мобилен број за контакт или имате фиксен број за контакт, ќе Ве упатат да се јавите во Контакт центарот за ажурирање податоци (што значи дека ќе треба во Контакт центарот по стандардна верификација да оставите мобилен број за контакт за да може да се креира корисничко име).
Доколку за таа фиксна линија веќе постои корисничко име, ќе Ви биде понудено да се логирате преку постојното корисничко име, со тоа што новата лозинка ќе биде пратена преку SMS на Вашиот мобилен број за контакт.
По стартување на мобилната апликација „Мојот A1“, треба да се најавите на еден од следните начини:
- Доколку немате постоен профил, треба да се регистрирате со мобилниот претплатнички број од A1. На внесениот телефонски број ќе пристигне SMS-код, кој е потребно да се внесе во зададеното поле, ќе се отвори нова страница каде што ќе треба да пополните податоци за име, презиме, имејл адреса и лозинка за најава за да продолжите понатаму. На внесената имејл адреса, ќе добиете имејл со код за нејзина верификациjа. Регистрацијата може да се направи преку мобилната апликација или на порталот „Мојот A1“ на нашата веб-страница.
- Ако веќе имате креирано корисничко име и лозинка преку мобилната апликација или на порталот „Мојот A1“, за секое најавување на апликацијата користете го веќе креираното корисничко име.
Исто така, можете да се најавите со Вашиот мобилен број. По одбирање на опцијата „Најава со број“, ќе добиете SMS-порака со код за влез во менито на апликацијата. При најава само со претплатнички број, ќе Ви биде достапен лимитиран сет на функционалности од менито на „Мојот A1“. - Третата опција за најава во „Мојот A1“ е автоматска „брза најава“, без користење кодови и корисничко име. Сè што треба да направите е да ја изберете опцијата за „Брза најава“ од почетниот логин екран на апликацијата. Со автоматската најава, односно брза најава, се логирате привремено, со исти привилегии како при „Најава со број“.
За да работи „Брза најава“, потребно е да ја вклучите апликацијата на Вашиот телефон преку мобилен интернет како и во нагодувањата на интернетот да избришете proxy. Тоа значи дека доколку станува збор за постпејд резидентен корисник, ќе имате напредни привилегии (Advanced), доколку се работи за постпејд бизнис корисник ќе имате пристап до основни привилегии (Basic), додека како припејд корисник ќе имате привилегии како на стандарден припејд тип на најава (Prepaid).
Апликацијата „Мојот А1“ можете бесплатно да ја преземете од Google Play, App Store или од Huawei AppGallery на Вашиот мобилен уред/таблет и користењето на сите нејзини функционалности е бесплатно.
При активација/купување на дополнителните пакети и/или други услуги, во апликацијата „Мојот А1“ имате можност да ја видите цената на пакетите или на услугите и да го потврдите активирањето. По извршената успешна активација, цената на избраниот пакет или услуга ќе Ви биде фактурирана во Вашата месечна сметка.
Доколку сте припејд корисник, наплатата за активирањето дополнителни пакети и услуги се прави во моментот на активацијата и износот се одзема од Вашиот кредит.
Mобилната апликација „Мојот A1“ може да ја користат сите корисници на А1 услуги.
Кликнете на линкот – Регистрирајте се со имејл адреса.
Внесете го Вашиот мобилен или фиксен телефонски број.
На внесениот мобилен телефонски број, ќе пристигне СМС-код, кој е потребно да се внесе во зададеното поле. Доколку внесете фиксен број, кодот ќе го добиете на контакт бројот од Вашиот договор.
По внесување на СМС-кодот се отвора нова страница на која треба да ја внесете лозинката од претплатничкиот договор за соодветниот телефонски број. Ова поле не е задолжително, но доколку не се пополни, ќе имате лимитирани привилегии односно нема да имате пристап до податоците за сите услуги што Ви се под претплатничкиот договор. Доколку имате повеќе услуги од A1 под истиот претплатнички договор, Ве советуваме да ја внесете лозинката и да добиете Master привилегии. Претплатнички договор e договорот потпишан при активација на телефонскиот број. Доколку не ја знаете лозинката, Ве молиме јавете се во Контакт центарот (077 1234).
Доколку верификација на кодот помине успешно, ќе се отвори нова страница каде што ќе треба да ги пополните податоците за име, презиме, имејл адреса и лозинка за најава за да продолжите понатаму. На внесената имејл адреса, ќе добиете имејл со код за нејзина верификациjа.
Имејлот ќе биде добиен од испраќач: mojota1@a1.mk со наслов: Мојот А1 – код за регистрација на кориснички профил.
Доколку го внесете точниот код од имејлот, успешно ќе го завршите процесот на регистрација, по што ќе добиете нотификација за успешна регистрација.
Внесете имејл и лозинка и кликнете на „Најави се“. Во овој чекор имате можност да изберете дали да се најавите долготрајно преку вклучена опција „Запомни ме“ или привремено – за што треба да ја исклучите опцијата „Запомни ме“.
Доколку претходно веќе сте креирале корисничко име, при одбирање на полето „Регистрирајте се со имејл адреса“ ќе Ви се појави листа на кориснички имиња што веќе сте ги креирале во минатото за претплатничкиот број од кој се најавувате. Ќе имате опција да го изберете корисничкото име и ќе треба да го кликнете на полето Одбери, за да може постојната сметка да ја поврзете со имејл адреса. Потребно е да внесете имејл адреса, која во иднина ќе ја користите за најава на „Мојот А1“.
На полето Продолжи, ќе биде потребно имејл адресата да се верификува преку добиениот код што ќе пристигне на внесената на имејл адреса.
Откако ќе се логирате преку мобилната апликација „Мојот А1“, можете да ја промените Вашата лозинка на следниов начин – одберете го делот „Мој профил“ од менито од левата страна, а потоа изберете „Промена на лозинка“, а по внесување на новата лозинка, одберете ја опцијата „Зачувај“.
Откако ќе се логирате преку мобилната апликација „Мојот A1“, може да ја промените лозинката од Вашиот кориснички профил преку следните чекори:
Повеќе -> Мојот профил -> Лозинка и безбедност -> Промена на лозинка -> Внесете тековна лозинка -> Внесете нова лозинка и потврдете ја.
Со кликање на копчето „Зачувај“, ќе се реализира промената на лозинката на корисничкиот профил преку кој сте најавени.
Или, преку веб-платформата „Мојот А1“ во полето „Мојот профил“ -> „Промена на лозинка“.
Доколку не можете да се логирате на мобилната апликација бидејќи сте ја заборавиле лозинката, одете на полето „Заборавена лозинка“ на почетната страница од апликацијата. Внесете го Вашиот мобилен или фиксен телефонски број, и СМС-код ќе биде пратен на мобилниот број или доколку внесете фиксен број, кодот ќе го добиете на контакт бројот од Вашиот договор. По внесување на точен код, доколку досега се немате регистирано со имејл, на следниот чекор, ќе биде потребно да внесете активна имејл адреса и истата да ја верификувате. Доколку веќе имате регистриран имејл, ќе добиете нотификација за успешна промена на лозинка и лозинката ќе Ви пристигне преку СМС-порака. Откако ќе ја добиете новата лозинка, може да се најавите со корисничкото име/имејл и со новата лозинка. Откако ќе се најавите на апликацијата, преку менито во самата апликација имате можност да ја промените лозинката.
Мобилната апликација „Мојот А1“ на Вашиот мобилен уред/таблет можете бесплатно да ја преземете од:

